ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ѓоргиев: Изјавата за бришење на придавката „бугарски“ од фашистички окупатор е порака за разговори за историско помирување

September 25, 2021 20:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Историчарот Драги Ѓоргиев, претседател на макдонскиот тим во заедничката македонско – бугарска Комисија за историски и образовни прашања, смета дека изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на придавката бугарски од фашистички окупатор на спомениците и во учебниците, е порака до Бугарија дека за историско помирување помеѓу двата народа треба да се разговара. Според Ѓоргиев, вистинските зборови се „простување, но не заборавање“.

-Кога станува збор за т.н. политики на сеќавање на една нација за своето минато тогаш за носењето решенија за таа политика, сеќавање кое обично се сведува на она што пишува на спомениците и како јавноста го перцепира тоа минато, видено преку очите на политиката, тогаш потребни се многу дебати, разговори, потребно е консензус во јавноста да се донесе одредена одлука на кој начин ќе биде претставен одреден настан или личност од минатото. Оваа изјава на нашиот премиер јас не ја гледам како изјава која веднаш ќе биде спроведена и со која веднаш од утре ќе се тргне на терен да се бришат некои придавки од она што е досега востановено. Повеќе јас ја гледам таа изјава како обид, порака до другата страна дека во однос на историското помирување помеѓу македонскиот и бугарскиот народ треба да се разговара, треба да се разговара за сите болни прашања кои постојат меѓу нас и нив и дека тоа е решението да дојде до помирување, рече Ѓоргиев во интервју за ТВ Сител.

На прашањето, дали ова значи да си простиме, но да не заборавиме, историчарот одговори дека  апсолутно тие се вистинските зборови „простување, но не заборавање“.

За тоа дали има реакција или одглас од бугарска страна, Ѓоргиев посочи дека тоа е поголемиот дел од проблемот бидејќи досега сите обиди што ги направи и Комисијата и нашата политика со цел да се постигне некој позитивен одговор од таму, наидоа на еден многу тврд ѕид.

-И затоа ваквата една би рекол изјава, обид на премиерот, на некој начин да се поттикне тој разговор меѓу двете страни наиде на остра реакција кај нашата јавност, бидејќи од другата страна не слушнавме ништо друго освен отворено негирање на нашата историја, на нашиот идентитет, на македонскиот јазик. Тоа е она поради кое јавноста реагираше, оценува Ѓоргиев.

Тој вели дека за ова прашање немало официјални разговори меѓу членовите на двете комисии туку дека понекогаш за време на паузи се случувало да се поттикне тоа прашање. Главниот проблем овде, според него, „е што во бугарската историографија и гледање на минатото на Македонија, преовладува мислењето дека Македонија е историски бугарска земја“.

-Тоа е присутно и во учебниците во Бугарија и ние тоа го нотиравме и го дадовме како забелешка која треба да се промени и да се измени во уебниците во Бугарија. И оттука произлегува ставот и на сегашната бугарската историографија и политика дека Бугарија не може да биде окупатор на земја која според нивното гледање на минатото историски е бугарска земја. Затоа тие себе си се гледале или како ослободители на оваа територија, бугарска според нив, или како админстратори. Затоа зборот окупатор за нив е оној болниот збор кој не може да го прифатат, рече Ѓоргиев.

Во однос на сегашниот статус на Комисијата, историчарот рече дека таа добила мандат од Владата во 2018 година и оти тој мандат се уште не е повлечен, но оти од формално правен аспект Комисијата е во мирување поради обновување на договорите кои всушност траат веќе четири години.

-Инаку, мандатот на Комисијата не е повлечен од Владата и таа има владин мандат, посочи Ѓоргиев, кој рече дека нема информација каков е статусот на соодветната Комисија во Бугарија. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Португалија ја победи Шпанија на пенали и ја освои Лигата на нации

June 9, 2025

И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

June 9, 2025

Мицкоски: Од последни, до први во Европа по странски инвестиции

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Горан Божичевиќ

    Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk