ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Намалувањето на каматната стапка на кредитите продолжи и во август

September 30, 2021 12:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во август годинава продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,49 проценти, а просечната каматна стапка на вкупните депозити во август изнесува 0,79 отсто.

– Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август 2021 година изнесува 4,49 проценти и оствари месечен и годишен пад од 0,01 прроцентни поени и 0,24 процентни поенти, соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се намали на месечно и годишно ниво за 0,04 процентни поени и 0,20 процентни поени соодветно и изнесува 0,79 отсто, соопшти денеска Народната банка.

Во август година, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,78 проценти и бележи месечно зголемување од 0,16 процентни поени, додека на годишно ниво се намали за 0,16 процентни поенти.  Кај новопримените депозити просечната каматна стапка изнесува 0,50 проценти и е пониска на месечна и на годишна основа за 0,01, односно 0,04  процентни поени.

Податоците на централната банка покажуваат дека во август годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,01 процентен поен на месечна основа и изнесува 3,60 проценти.  Каматната стапка на новоодобрените кредити во овој сектор изнесува 3,23 отсто и во споредба со претходниот месец забележа раст од 0,19 процентни поени. Каматната стапка, пак, на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во август, изнесува 1,09 проценти и тоа е месечен пад од 0,02 процентни поени. Во анализираниот месец Овој каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор оствари раст од 0,04 процентни поени  на месечна основа и изнесува 0,46 отсто.

Според НБ, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата исто така бележи месечен пад од 0,16 процентни поени и изнесува 4,42 проценти. Падот е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,52 процентни поени и 0,06 процентни поени, соодветно), во услови на остварен раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,03 процентни поени). Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е повисока за 0,05 процентни поени, споредено на годишно ниво.

Од Народната банка информираат дека во август годинава каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,75 проценти што претставува пад од 0,04 процентни поени на месечна основа. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во август, оствари месечно намалување од 0,04 процентни поени и изнесува 0,53 проценти. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,13 процентни поени. /МИА/.

Next Post

СДСМ: За четири години реализирани над 7.000 проекти на локално ниво, транспарентно, напорно и вредно работиме

НАЈНОВО

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk