ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Во наредните 5 години ќе го трансформираме енергетскиот сектор во Република Северна Македонија

October 1, 2021 13:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фатмир Битиќи, денес, на покана на  „Бизнис развојната мрежа за Југоисточна Европа“ (SEEBDN – South East Europe Business Development Network) и „ТПА групација“ (TPA Group) од Австрија, учествува на форумот „Стратешки економски разговори“, кој се одржува во местото Савудрија, Истра, во Република Хрватска.

Во претпладневните часови, вицепремиерот беше дел од панелот „Перспективата на инвестициите во обновливите извори на енергија во Југоисточна Европа, како основа за промените во секторот енергетика“, кадешто зборуваше за стратегиите, политиките и проектите на Владата на Република Северна Македонија кои се спроведуваат во енергетскиот сектор.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата на Република Северна Македонија е посветена на реализација на реформите во енергетскиот сектор, донесен е нов Закон за енергетика кој е усогласен со Третиот енергетски пакет на Секретаријатот на енергетската заедница, усвоена е Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и донесени се поголемиот дел од подзаконски акти со кои се овозможува забрзан развој на енергетскиот сектор и спроведување на праведна и правична транзиција кон обновливи извори на енергија.

„Ги презедовме сите чекори кои се предуслов за енергетска транзиција, помеѓу кои е и целосната либерализација на пазарот, чекор кој нашата земја го направи како прва во регионот. Тоа не е единственото што го направивме како пионери во регионот на Западен Балкан. Први донесовме закон за енергетика кој е во целост усогласен со регулативите и директивите на ЕУ и со Енергетската заедница“, нагласи вицепремиерот.

Битиќи додаде дека во периодот кој следи, во наредните 5-7 години енергетскиот сектор во Северна Македонија потполно ќе се трансформира, пришто ќе се реализираат голем број на јавни и приватни инвестиции во обновливи извори на енергија.

„Со интервентниот план за ивестиции, којшто неодамна Владата го усвои, како одговор за побрзо закрепнување од пандемијата, но и за побрз и одржлив развој на енергетиката и економијата, генерално, во средорочен период од  5 до 7 години, во земјата ќе се инвестираат 3,2 милијарди евра во енергетскиот сектор, мешан капитал, на приватни и јавни инвестиции. Со ова во следните 5 години, ќе го трансформираме енергетскиот сектор во Северна Македонија, кон зелени и обновливи извори на енергија. Тоа ќе придонесе за праведна и правична транзиција од конвенционални извори на енергија со фосилни горива кон обновливи извори на енергија и ќе се тежи кон целосно исполнување на Националниот план за придонеси со кој предвидуваме намалување на емисијата на стакленички гасови до 82% до 2030 година во споредба со истите во 1990 година“, нагласи вицепремиерот Битиќи и додаде дека за постигнување на овие предвидувања, се работи и на промената на свеста кај државните тела, но и едукација на граѓаните, затоа што реализацијата на зелената агенда на Владата ќе донесе поголема конкурентност на економијата, но пред се зачувување на здравјето на граѓаните, заштита на животната средина и подобар квалитет на живот.

 

Next Post

Навредливaта кампања против Шилегов во полн ек, се вклучи и Дурловски, екс-пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk