ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Наставнички и наставници вие сте наша национална сила и гордост! Вие сте наши херои, ви благодариме!

October 5, 2021 11:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Светот денес оддава почит на луѓето кои одбрале да се занимаваат со најблагородната професија, а тоа е просветителството. Денес е 5 Октомври – Меѓународен ден на учителките и учителите и јас, како министерка за образование и наука која секојдневно комуницира и работи со нив и заеднички овозможуваме непречена едукација на младите во нашата земја во нормални и во вонредни услови за работа, а притоа, паралелно и партнерски работиме на крупни промени за подобро образование, им го честитам празникот и им посакувам добро здравје и уште многу индивидуални и колективни успеси кои ќе се огледаат преку знаењето и подготвеноста на генерациите кои ги создаваме да бидат носители на општествениот просперитет и на подобра иднина за државата.

Живееме во време кога суштината на образованието и потребата од квалитетна едукација на децата особено доаѓа до израз. Здравствената криза ни покажа колку образовниот систем е кревок, а предизвиците кои ги донесе пандемијата можат многу негативно да се одразат на знаењето на учениците, особено кај најмалите и да создадат празнини кои тешко дека некогаш ќе можат да се надоместат, доколку немаме квалитетен наставен кадар кој ќе успее ефектите од тие предизвици навремено да ги анулира и да ги заштити нашите деца.

 

За среќа, нашата држава има токму таков наставен кадар. Посветен на работата, одговорен и подготвен да реагира кога учениците се засегнати од негативни појави и влијанија и да ги одржи на вистинскиот пат за остварување на очекуваните резултати од учењето, како би биле подготвени за живеење и работа во новиот свет на 21-от век.

Затоа, потребна е целосна сплотеност во општеството за ги поддржиме нивните напори, да ги охрабриме и уште повеќе мотивираме за ефикасно и ефективно исполнување на секојдневните обврски кои, за волја на вистината, многу често не им завршуваат со завршување на часовите во училиштето.

Уверувам дека актуелната Влада е и ќе продолжи да биде вистински предводник на процесот за подигнување на достоинството на наставниците. Повисоки плати, повеќе можности за кариерен и професионален развој и подобри услови за работа беа целите на кои бевме посветени во изминатите неколку години и ќе бидеме уште повеќе во периодот пред нас.

Успеавме да ги зголемиме нивните плати за над 21 процент, да обезбедиме можности да напредуваат во звања и за тоа да добиваат повисоки месечни приходи како додаток на плата, да ги подобриме условите во кои работат преку инвестиции во инфраструктурата и во набавка и модернизација на опремата и нагледните средства за поедноставен, а сепак поквалитетен наставен процес.

Наскоро ќе следат и значајни измени на законското решение за наставниците и стручните соработници во основните училишта, за кои, иако во моментов постојат политички субјекти кои се противат на неговото усвојување без никаква оправдана причина, туку од чиста политичка побуда, сигурна сум дека ќе постигнеме целосна политичка согласност и ќе ги усвоиме, овозможувајќи им на наставниците полесно да се вработуваат во училиштата, оние кои работат со договори на определено, да добијат трајни решенија и економска и правна сигурност, да почне редовното исплаќање на додатоците на плата кои ги заслужуваат, но исплатата не е правно регулирана, а платата да им се зголемува континуирано со секое зголемување на минималната плата.

Од мое лично име и во името на МОН и Владата би сакала да се заблагодарам што ги едуцирате нашите деца. Продолжете така, мотивирајте ги критички да размислуваат, развивајте ја нивната креативност и иновативност. Во меѓувреме, вложувајте во себе и користете ги можностите кои ги создаваме за Вас. Драго ни е што Ве имаме за сојузници и верувам дека така ќе продолжи да биде. Затоа што само заедно можеме да го направиме образованието поквалитетно, да им овозможиме на децата иднина каква што заслужуваат, а на државата развој во посакувана насока.

 

Next Post
МИА

Откриена причината за пожарот во Тетово

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk