ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Само прочистување во судството ќе донесе позитивни резултати, смета Заев

Заев до Мицкоски: Секој што поседува докази дали се тоа видео, аудио разговори, материјални докази е должен да ги пријави.

December 24, 2019 12:31
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Само процесот на прочистување во судството ќе донесе позитивни резултати. Затоа повикувам на просчистување во правосудството, како што во моментот се прави прочистување и проверка на Владата, на премиерот, на министри, заменици министри, директори…Тоа е дел од овој трансформативен процес, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Тој појасни дека со прочистувањето ќе се оделат сите чесни судии и обвинители од оние што се нечесни или не треба повеќе да работат во правосудството, пренесе МИА.

-Уште еднаш кажувам, тоа не е ветинг. Ветинг прави Албанија. Ние не сме на тоа ниво стигнати. Ние треба да направиме едно прочистување. Зошто? Од сите оние чесни судии и обвинители треба да се оделат сите нечесни. Можеби се чесни, но имаат судир на интереси, кој што не е дозволив. Некои можеби немаат судир на интереси но имаат недозволива имотна состојба и пари која што претставува индикативна за сериозноста на самите процеси, рече Заев.

Премиерот појасни дека преку Советот за реформи ги утврдиле и доставиле до Парламентот законите од областа на правосудтсвото, и веќе со консензус е донесен Законот за судски совет, Закон за судовите, Закон за антикорупција. Фазата на имплементација, како што рече, сега зависи од поединците.

-Оттука, немешајќи се воопшто во судските одлуки и во одлуките на јавното обвинителство, можам да кажам дека само процесот на прочистување ќе го даде резултатот. Благодарение на гласноста, благодарение на слободата, на демократијата, денеска процесите се јавно и транспарентно изразени, додаде тој.

Според премиерот Заев, правдата е унапредена во државата. Тој појасни дека никогаш вака гласно не се зборувало и не се гонело подеднакво без разлика дали некој е близок до власта или е близок до опозицијата, но као што рече, работите уште треба да се менуваат.

-Ние направивме големи исчекори. Но, далеку од доволно е тоа. Мора работите да се менуваат во државата заради тоа што горчината за неправда ги погодува граѓаните, но таа неправда верувајте ги одвратува инвеститорите домашни и странски, ги разочарува младите, па заминуваат надвор од државата. Затоа е многу важно од секој можен аспект, правната држава и владеењето на правото е императив на кој што мораме да бидеме сите насочени, истакна премиерот.

Тој рече дека е благодарен оти Антикорупциската комисија од јануари ќе почне и со прочистување во правосудството и додаде дека Управата за приходи, Катастар, Централниот депозитар, Централниот регистар имаат законски надлежности да проверат потекло на пари, имот, капитал на судии и обвинители, на нив лично или на нивно семејство и никој тоа не им го брани.

Прашан за став во однос на тоа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави дека ќе објави бомби, тој рече дека секој што поседува докази дали се тоа видео, ауидио разговори, материјални докази е должен да ги пријави.

Next Post

На кое дереџе е новинарството во Македонија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk