ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Никому нема да дозволиме да ја чепне нашата држава и со крвта на нашите антифашисти платената слобода

October 11, 2021 11:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија денеска го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. На свеченостa во Скопје свое обраќање ќе имаше градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој на граѓаните им го честиташе овој голем јубилеј порачувајќи дека денес по цели 80 години се сеќаваме на храброста и одлучноста на нашите партизани и дека наша должност и обврска е да го зачуваме тоа сеќавање и да потсетуваме на нивниот идеал.

– Сите ние сме одговорни, и како поединци, и како општество, да ја памтиме нивната жртва и да го негуваме нашето наследство од НОБ. Денес, благодарение на нашите партизани ние живееме во слободен град, во слободна татковина, рече градоначалникот Петре Шилегов на почетокот од своето обраќање.

– Да не беше 11 Октомври, ќе го немавме ни 2 Август ’44, а можеби ни 8 Септември ’91. Тој ден означи Македонија да не биде квинслишка територија, туку напротив, жестоко упориште против фашистичкиот окупатор. Но, треба да се потсетиме дека и пред 11 Октомври, нашите партизани преземале одредени акции: на 22 август, таа 1941 година е формиран Првиот скопски партизански одред, на 8 септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел. Истиот ден, тука, во Скопје Боро Петрушевски – Папучар убива бугарски окупаторски војник. На 7 октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентот Мане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски – Шовељ, а на 8 октомври Трајко Бошкоски – Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец. Сите овие настани се предвесници на големиот 11-ти Октомври, додаде Шилегов.

– Со мудроста на македонското водство, единството на нашите народи и силата на нашето оружје го победивме фашизмот. За нашата слобода се изборивме сами, сами ги изградивме Скопје и Македонија како суверена држава на единствени и горди народи, и никому, ама баш никогаш нема да дозволиме да ја чепне нашата држава, нашата тешко стекната, со крвта на нашите антифашисти платена слобода, нагласи Шилегов.

– Заедништвото на нашите луѓе, скопјани, Македонци, Албанци денеска ни е попотребно од кога и да било, претходно. Скопје е град на заедништвото, кој само заради слогата со која живееме,  денес се претвора во модерна европска престолнина. И тоа е нашата најголема сила, баш како во времињата кога знаевме да се спротивставиме на окупацијата и фашистичкото зло, денеска се бориме за силно Скопје на горди луѓе, денес се бориме за европско Скопје, се бориме за силна Северна Македонија на нејзините горди граѓани, порача Шилегов.

– Нашето наследство од НОБ го чуваме со посебно внимание: отворавме музеи и изложби, ги уредуваме просторите околу заборавените спомен обележја во градот. Нашата соработката со Сојузот на борците никогаш не била поцврста и подлабока. Нашиот долг, долгот на нашата и идните генерации кон Ослободителите е толку голем што ниту една форма на благодарност не може и не смее да биде доволна додека постои Скопје, додаде Шилегов.

– Патот на космополитизмот, солидарноста и прогресот е патот по кој заедно чекориме. За Скопје работиме со многу љубов. Одговорно и посветено. Работиме на тоа да можеме еден ден со гордост да кажеме дека Скопје е град – модел за развој во регионот. Скопје тоа го може и го заслужува. Тоа им го должиме и на борците, на нашите ослободители. Скопје мора да биде европска престолнина, главен град на земја- дел од европското семејство, каде сите знаеме да го осудиме минатото, меѓутоа и да се бориме за иднината. Иднината во која нашите деца ќе се сакаат и нема да се мразат. Во изминатите четири години покажавме дека знаеме и можеме да се сакаме, да го претвориме Скопје во модел каде луѓето знаат да живеат заедно, гледајќи на културните разлики како богатство, а не како хендикеп, продолжува Шилегов.

– Ајде да го пресликаме во Балканот. Најубавото нешто во Европа е Балканот, растоварен од стереотипи, од минато, од поделби.  Длабоко верувам дека тоа е возможно. Скопје докажа дека е возможно. Нашата пријателски подадена рака секому, и дома и надвор, нека биде предизвик за сите, да ја промовираме заедно взаемната почит, љубовта, пријателството и хуманоста. Затоа јас, моите сограѓани од Скопје и целиот македонски народ немаме од што да се срамиме и немаме зошто да ја ревидираме нашата историја. Горди сме што секогаш сме биле на вистинската страна, на страната на слободата и правдата. Затоа ние со гордост можеме пријателски да подадеме рака секому и во секое време. Како човек принципиелно отсекогаш сум бил против фашизмот и дома и надвор. Тоа што денес живееме слободно не обврзува на антифашистичката определба. Затоа наместо поделби и омраза имаме обврска да ги промовираме заедно принципите на слободата, правдољубивоста и човечноста. Да се почитуваме меѓусебно секој од нас со другиот, со соседите дома, со соседите на Балканот. Тоа им го должиме на борците, на партизаните, на ослободителите, повика Шилегов.

– Ве повикувам уште еднаш, да ја оддадеме нашата длабока почит, кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на нашата татковина и кон сите преживеани борци, кои се тука да нè потсетат на бројните херојски борби, кои со нескриен слободарски дух се водеа во тој исклучително тежок период од нашата историја. 11 Октомври нас нè обврзува на почит и верност кон оваа наша земја, но и да не заборавиме колку е скапа слободата. Нека ни е честит 80-годишниот јубилеј од Денот на востанието на македонскиот народ, заклучи градоначалникот Шилегов на крајот од своето обраќање по повод 80 годишнината почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.

Next Post

Касами: Земјоделците ќе имаат сигурен откуп на компирите од фабрика за производство на чипс

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk