ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Сугарески на ТВ24: Изградивме стадион во Прилеп кој ни беше оставен како руина и ќе продолжиме со инвестициите во спортот

October 12, 2021 22:47
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Стадионот е комплетно сработен, а претходно беше руина оставена од режимот, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески на дебатата на ТВ24. Тој потсети дека сега стадионот е комплетно направен и таму сите прилепчани ќе имаат прилика да ги проследат натпреварите на ФК Победа.

-Сите како да сакаат и да заборават на новиот спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, до каде е направена и патната инфраструктура. Тоа е одлично место за рекреација како за младите, така и за возрасните, нагласи Сугарески.

Кандидатот на СДСМ дополни дека во моментов се води постапка и за преземањето на Универзалната сала од страна на општината, што укажува на фактот дека се вложува во спортот и младината.

Сугарески исто така кажа дека жали што граѓаните на Прилеп немале прилика на дебата да го чујат противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

Реализиравме крупни проекти и покрај пандемијата, но ќе продолжам да работам за зелената агенда и решавањето на депонијата во Прилеп

Главниот мотив на мојата кандидатура е љубовта кон Прилеп и сметам дека со целото мое искуство кое што го имам во изминатиот период и знаење коишто сум ги стекнал дополнително во законодавната и извршната власт, можам целосно да ги преточам во општината, Тој кажа дека со искуството, политичкото знаење и помошта од страна на централната власт ќе придонесе Прилеп биде подобро место за живеење.

-Голем дел на проектите изминатиов период и покрај година и половина ковид криза беа во овој град реализирани. Во овие четири години генерални исчекори имаме направено, истакна Сугарески.

Кандидатот на СДСМ нагласи дека ќе работи на подигање на свеста за еколошката средина и надминување на предизвиците со депониите.

-Со поагресивна кампања ќе ја постигнеме целта. Во делот на подигањето на сметот и депонијата ќе се заложам, а исто така и за зголемување на зеленилото и површината на парковите, како што сега се прави во населбата Точила, истакна Сугарески.

Според него, треба да се постави жичана ограда кај депонијата, која противниците од ВМРО-ДПМНЕ континуирано ја искористувале во кампањата, но не решиле ништо.

Тој дополни дека во моментов се води постапка и за преземањето на Универзалната сала од страна на општината, што укажува на фактот дека се вложува во спортот и младината.

-Сите како да сакаат и да заборават на новиот спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, до каде е направена и патната инфраструктура. Тоа е одлично место за рекреација како за младите, така и за возрасните, нагласи Сугарески.

Ќе ставиме акцент на инфраструктурата во Прилеп и ќе ги изградиме влезовите во градот

Во мојата Програма јасно и прецизно наведени се проектите кои треба да бидат во наредниот четиригодишен период реализирани и тука пред се мислам на урбанистичкиот дел. Тој кажа дека инфраструктурата на градот ќе биде приоритет, но исто така и можностите за развој на младите и спортот.

-Прво треба да имаме предвид дека во 2023-та година истекува десетгодишниот генерален Урбанистички план и треба нов да се направи и тука е планирано да направиме поголем тип на градежен опфат, се со цел да им се овозможи на инвеститорите во наредниот период да реализираат поголем број на проекти и оние замисли коишто ги имаат и компаниите и граѓаните, кажа Сугарески.

Тој додаде дека влезовите на градот треба да бидат огледало на градот.

-Согласно проектот на Светска банка којшто го работевме во Министерството за транспорт и верски за локални патишта и улици веќе се обезбедени средства и веќе од наредната година едниот излез на градот, кон крушевско ќе се гради и обезбедени се средства, а проектот е во Министерството. Тоа значи дека очекуваме до крај на година да биде тендериран и од наредната година со државни средства, значи без пари на општината, еден од влезовите да биде изграден, рече Сугарески.

Тој кажа дека влезот кон Скопје исто така ќе се гради со булеварски решенија, а дополнително изградбата на плоштадот ќе се продолжи до новата Автобуска станица.

Next Post

Николовски од Крива Паланка: Денеска е историски ден, ја имаме најголемата инвестиција од независноста досега, тешка 500 милиони евра

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk