ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска на Дигитален самит на Западен Балкан: Само со современо и квалитетно образование можеме да постигнеме дигитална трансформација

October 13, 2021 14:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

После повеќе од година и половина период на пандемија, од денешна перспектива можам да кажам дека здравствената криза го забрза значително процесот на дигитализација на образованието и Република Северна Македонија е горда на постигнатите резултати. Спроведуваме постепена трансформација не само во делот на онлајн наставата, туку и во дигитализирање на учебниците и на услугите во образованието.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан кој се одржува во Подгорица, Црна Гора, во рамки на Берлинскиот процес и Агендата за заеднички регионален пазар за Западен Балкан, а чија организација е поддржана од Регионалниот совет за соработка.

Јасно е дека дигитализацијата не е само тренд, туку огромна потреба. Држава која не вложува во овој процес, ризикува да остане години наназад во борбата и натпреварот за подобри услови за живот на граѓаните, во однос на останатите држави кои посветуваат внимание на овој сегмент“, потенцираше Царовска, додавајќи дека процесот на дигитализација на образованието во Северна Македонија уште повеќе ќе се интензивира првенствено во интерес на учениците и студентите.

Во своето обраќање на самитот, Царовска рече дека минатата учебна година имавме успешна настава со хибриден модел кој вклучи и онлајн настава што континуирано се надградуваше и се подигнуваше нејзиниот квалитет.

 ,,На крајот од минатата учебна година сеопфатно истражување на УНИЦЕФ покажа исклучителен напредок и подигнување на задоволството кај сите учесници и засегнати страни во онлајн наставата. Според истражувањето на УНИЦЕФ, дури 98% од наставниците држеле интерактивна онлајн настава, додека 100% од учениците одговориле дека наставата е според планираниот распоред, а 80% од вкупниот број на родители/старатели на учениците изразиле задоволство од нејзиниот квалитет. Сепак, според министерката, онлајн наставата е само еден сегмент од процесот на дигитализација на образованието.

 Царовска на самитот истакна дека процесот на дигитализација се води во партнерска соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и силна поддршка од МАСИТ.

,,Во периодот додека трае пандемијата, дигитализирани се многу од услугите кои ги нуди Министерството за образование и наука, како аплицирањето за стипендии, за сместување во ученички и студентски домови, за нострификација на дипломи, за остварување на низа други права во областа на образованието, за уписи во прво одделение и слично“, истакна Царовска.

Министерката посочи дека освен што се дигитализирани материјалите за учење, набавени се таблет уреди за учениците од четврто одделение кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, а училиштата каде недостасуваа, ги обезбедивме со интерактивни табли и друга неопходна опрема.

„Пред тоа, креиравме единствена национална платформа за далечинско учење“, информираше Царовска, додавајќи дека иако на почетокот, реформата наиде на отпор кај дел од јавноста, сега веќе промените се широко прифатени, затоа што сите ја примија пораката за важноста и вредноста на дигитализацијата.

 Оваа година Дигиталниот самит се фокусира на четири теми –  дигитална економија, дигитални вештини и знаења, дигитална инфраструктура и поврзаност и доверливост и безбедност. Од учесниците се очекува размена на добри пракси, поттикнување развој и исполнување на дигиталната агенда, дефинирање на идните правци и истражување на можните партнерства со приватниот сектор во контекст на процесот на дигиталната трансформација.

Next Post

Европскиот ден на органодарителството посветен на семејствата на донаторите на органи

Најново

Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

May 8, 2026

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk