Роберто Карлос, прославениот бразилски фудбалер, е првиот кандидат да ја преземе репрезентацијата на Фудбалскиот сојуз на Косово, пренесува Спорт клуб..
Според медиумите во Приштина, преговорите започнале, а за славниот лев бек, ова би било прв тренерски ангажман од 2015 година, кога го водеше индискиот Делхи Динамос.
Како тренер, Карлос ги водеше турските клубови Сиваспор и Ахишарспор. Поголемиот дел од својата играчка кариера ја помина во Реал Мадрид. За репрезентацијата на Бразил одигра 125 натпревари и постигна 11 голови.
Косово го отпушти Швајцарецот Бернард Шаландс по лошите резултати во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година. Во последните два натпревари, Косово беше поразено прво на гостувањето против Шведска, а потоа и против Грузија на домашен терен.