ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ревакцинирани 35 проценти од граѓаните, трета доза примиле над 5.000

October 23, 2021 08:47
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државните здравствени институции продолжуваат со вакцинација на населението против Ковид-19. Последните податоци што ги објави Министерството за здравство покажуваат дека заклучно со 21 месецов во државава се вакцинирани над 800 000 граѓани, односно 767 800 граѓани се ревакцинирани. Воедно, над пет илјади граѓани примиле трета анти ковид доза на вакцината.

– Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 отсто, а 33 проценти од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од МЗ. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години, информираа вчера од Министерство за здравство.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирано, а 35 проценти од жителите примиле две дози вакцина.

Анализите на Министерството за здравство во однос на позитивните случаи на Ковид-19 и граѓаните кој се вакцини покажуваат дека од 6 август до 21 октомври годинава, позитивни на Ковид-19 биле 42 945 граѓани, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11 253 лица. Оттаму посочуваат дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид -19 во наведениот период.

– Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти, додека само 24 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува последната анализата на Министерството за здравство. Што се однесува до смртноста предизвикана од Ковид-19 во анализата се вели дека во период од 6 август до 2 октомври годинава, на територија на државата од Ковид-19 починале 1506 лица, односно 83 отсто од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17 проценти примиле вакцина.

Имајќи ги во предвид овие податоци од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да се вакцинираат се единствена цел дека само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 199 057, на оздравени пациенти 185 931, на починати 7 019, а на активни случаи изнесува 6 107.

Според епидемиолошки анализи, Скопје и натаму е град со најголем број активни случаи, 3082, по што следи Куманово со близу 500 пациенти активни на Ковид-19, Велес, 297 случаи, Прилеп, 243…

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk