ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Воведен регистар на одземен имот, банките продаваат 1.207 станови и дуќани

Активно учество во реализацијата на проектот досега зеле 11 банки, а во моментот најмногу од недвижностите наменети за продажба се од страна на Комерцијална банка ад Скопје.

December 26, 2019 14:03
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во Регистарот на преземени недвижности (одземен имот) наменети за продажба што го промовираше денеска Катастарот, како новина што се воведува во државава, заклучно со денеска деловните банки доставиле податоци за 1.207 станови и деловни простории, како и за 278 парцели со градежно и земјоделско земјиште.


– Во соработка со правните субјекти кои располагаат со недвижности преземени во постапки при наплата на побарувања или по други основи Агенцијата за катастар на недвижности ќе ги прикажува овие податоци на својот портал со што ќе се постигне целта на едно место секој заинтересиран инвеститор или купувач на недвижен имот да добие точна информација за недвижниот имот, кој е расположив на продажба, информира на прес-конференција директорот на Катастарот, Борис Тунџев.

Активно учество во реализацијата на проектот досега зеле 11 банки, а во моментот најмногу од недвижностите наменети за продажба се од страна на Комерцијална банка ад Скопје. Во втората фаза е предвидено вклучување на стечајните управници и извршителите, затоа што и тие се дел од постапките за располагање со имот.

Тунџев појасни дека Катастарот нема увид во цената по која банката ќе ја врши продажбата, ниту пак динамика за продажба на имотот. Тоа ќе го ажурираат комерцијалните банки, а во регистарот ќе биде евидентирана продажбата кога ќе биде реализирана. Од моментот на воспоставување или продажбата на самата недвижност таа ќе биде тргната од регистарот.

– Во реално време во моментот кога ќе биде извршена трансакцијата за продажба на недвижниот имот таа во истиот момент се трга од регистарот. Идејата е во реално време да ја отсликува реалната фактичка состојба за недвижности што во моментот се наменети за продажба, рече Тунџев.

Катастарот го води регистарот врз основа на податоците од субјекти кои ги презеле недвижностите при наплата на побарувања или по друг основ, односно Агенцијата за управување со одземен имот, Управата за јавни приходи, банки и др.

Како што појаснија стручните служби на Катастарот, Регистарот што се води во електронска форма е дел од геодетско-катастарскиот информациски систем. Тој содржи описни податоци за земјиштето или катастарските парцели, како и податоци за посебните згради и инфраструктурни објекти. На субјектите кои располагаат со овој имот преку овластени лица им е овозможен пристап до привремена база на податоци за недвижностите. Тоа ќе го прават преку корисничко име и лозинка доделени од страна на Агенцијата. По извршеното потврдување на податоците се врши внес на податоците во Регистарот на преземени недвижности наменти за продажба. По извршениот внес на податоците, се смета дека е воспоставен Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба.

Законски услови за воспоставување и водење на регистарот се овозможени со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности во јуни годинава,  по што беше донесен Правилник за начинот на водење, формата и содржината, а Е-кат системот на Катастарот беше надграден со нова функционалност за иницијално полнење, воспоставување и одржување.

Агенцијата за катастар на недвижности ќе ги прикажува податоците од регистарот на преземени недвижности наменети за продажба на својот портал.

Next Post

Заев: Економијата блеска, резултатите се за поклонување

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk