ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележување на Светскиот ден на дијабетесот: Општеството да ги ангажира сите ресурси и потенцијали во справување со болеста

November 13, 2021 19:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Еден век инсулин, односно сто години од научното откритие на инсулинот за терапевтски цели, како почетокот на успешно справување со дијабетесот е годишниот мотив за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот. Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК вечерва организираше настан на кој го одбележа 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот.

Во своето обраќање Зоран Гучев, раководителот на Одделот за Ендокринологија при Клиниката за детски болести – Скопје информираше дека во Северна Македонија има 131.000 пациенти со дијабет, од кои 46.000 се на инсулин. Загрижувачка е и бројката на 800 деца кои се на инсулин, главно тип 1 дијабет.

– Имајќи предвид дека дијабетесот зазема се поголеми размери и се повеќе ги напаѓа децата, само зголемувањето на свеста и актуализирање на проблематиката не е доволно. Пандемијата за жал покажа дека меѓу најранливите категории се лицата со дијабетесот. Потребно е како општество да ги ангажираме сите ресурси и потенцијали во справување со дијабетесот, изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во своето обраќање.

Пендаровски посочи дека е императив треба да биде набавката на сите уреди што им помагаат на луѓето со дијабет да живеат и да функционираат нормално. Тој додаде дека не смееме да доцниме зад светот и да дозволиме децата да немаат пристап до современи и иновативни терапии, како и кон медицинско технички системи, како што се системите за континуирано следење на ниво на шеќерот во крвта, можност што им е понудена на децата во Европа и регионот.

Министерот за здравство, Венко Филипче во своето обраќање истакна дека од голема важност е да се унапреди животот на пациентите кои имаат дијабет.

– Во изминатите години напорно работевме во делот на иновативна терапија, инфраструктура во болниците и технолошките пронајдоци што ќе го олеснат животот на овие пациенти. Со измена на Законот за увоз на лекови, се укина Законот за паралелен увоз на лекови, со што престанаа да се носат инсулини на непроверен и несоодветен начин од Турција, вели Филипче и додава дека по примерот на најразвиените земји, сега ги имаме најсовремените инсулини, така како што пациентите заслужуваат.

Филипче истакна дека Министерството за здравство ја унапреди и програмата, со што се донесоа три нови инсулини и два нови препарати, со коишто полесно и во помала доза ја контролираат гликемијата, но и го зголемуваат квалитетот на животот на пациентите со дијабет.

– Целосно е реновирано Одделението на Ендокринологија, реновирани се и отворени се нови амбуланти, имаме и постапка за најсовремените сензори за мерење на гликемијата што значи дека децата нема потреба да се боцкаат, туку електронски ќе ја мерат гликемијата, со што значајно го олеснува мониторингот на нивото на шеќер во крвта, појасни министерот.

На настанот се обратија и Зорица Наумовска, вонреден професор на Факултетот за фармација, Диме Велев, претседател на СЗДМ (Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија) и Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија.

Во рамки на настанот беше прикажана и изложба посветена на откривањето и развојот на инсулинот и пропратните помагала за неговото користење. По принцип на времеплов, изложбата раскажува за појавата на инсулинот, неговиот пат, научен развој, практична примена и неговото суштинско значење за луѓето со дијабетес. Беа изложени и факти за изумителите на првиот инсулински препарат, првите корисници и начинот на користење на инсулинот.

Ширум светот 537 милиони луѓе имаат дијабетес, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во Северна Македонија, во 2020 година од дијабетес заболеле 7432 лица, а починати се 1365 лица од дијабетес мелитус.

извор: МИА

Next Post

Пендаровски: Да почекаме како ќе се развива ситуацијата по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk