ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Опозицијата останала со 55 пратеници за гласање недоверба, избегната физичка пресметка

November 14, 2021 16:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Жестока казна настанала во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во попладневните часови во четвртокот, кога иницијативата за гласање недоверба на Владата беше на дневен ред, брифира пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Во еден период попладнето, пратениците од опозицијата добиле информација дека не смеат да дозволат седницата да започне и да се гласа, бидејќи останале само на 55 пратеници, вклучувајќи ги и пратениците на Левица и заразените со коронавирусот кои беа во Собранието со скафандери.

Тогаш еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, инаку и потпретседател на партијата, предложил да се направи дефокус во јавноста и да се излезе со информација дека биле одземени телефони од пратениците на СДСМ. На тоа изреагирала нашата соговорничка, но и дел од останатите пратеници истакнувајќи дека тоа е чиста глупост и дека сите се свесни дека е лага.

Тие истакнале дека и новинарите ќе се смеат на оваа информација, бидејќи и тие се во постојана комуникација со сите пратеници. Ова го изреволтирало потпретседателот, кој почнал хистерично да вика и да се повикува на функција.

Тој истакнал дека треба да биде јасно кој е главен и кој наредува што да се прави, при што за малку бил избегнат физички контакт меѓу пратениците.

Со цел избегнување на поголем конфликт внатре во пратеничката група, но и да се избегне срамот пред јавноста, сите се договориле да го напуштат Собранието, за да не се дознае дека во иницијативата за недоверба останале само 55 пратеници.

Вознемиреност имало и кај едниот пратеник во скафандер, инаку координатор на пратеничката група. Тој им забележал на своите колеги дека го заборавиле во кабината  во целиот хаос и никој не му се јавил ни да го праша како се чувствува. Пратеникот се пожалил дека доколку не биле службите на Собранието, но и координаторот на пратеничката група на СДСМ, кој постојано му праќал сокови и вода, ќе останел и без тоа.

Поради овие случувања јасна беше нервозата и кај Мицкоски, но и кај останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои во нивните изјави во медиумите започнаа да шираат секакви теории на заговор, во обид да си го „избелат образот“ по уште едниот неуспшен обид за гласање недоверба.

Д. Е.

Next Post

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk