ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: По идентификацијата на телата на загинатите државата ќе организира пренесување на останките

November 24, 2021 13:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се очекува обдукцијата на телата на загинатите во автобуската несреќа да заврши до крајот на денот, а идентификацијата до крајот на неделата по што државата ќе организира пренесување на останките во Скопје, изјави за дописникот на МИА во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи.  

Тој кажа дека во постапките за обдукција се вклучени и експертите од Институтот за судска медицина од Скопје, кои од вчера се наоѓаат во Софија.  

-Јас штотуку се слушнав со професорите кои се дојдени во Софија. Информиран сум дека се тие веќе дел од процесот, веќе се во сала таму каде што се прават обдукциите и се очекува дека можеби и во текот на денот таа фаза од процесот да заврши, но сепак, идентификацијата на телата преку ДНК може да одземе неколку денови, дури и до крајот на неделата, што значи дека дури тогаш ќе може државата организирано да ги пренесе телата во Скопје. Со ова сакам да упатам порака дo семејствата кои се тука во Софија дека тој процес ќе го организира државата во моментот откако ќе се заврши идентификацијата, а тоа може да одземе неколку дена и затоа бараме разбирање за да се вратат во Скопје, а ние тука ќе продолжиме со организација од сите аспекти за еден достоинствен транспорт на останките во Скопје, рече Османи.  

Тој кажа дека е израз на почит што Владата на Бугарија ја започна денешната седница со едноминутно молчење и потсети дека од моментот по несреќата во 3:30 часот премиерот Јанев прв испрати порака до премиерот Заев за трагедијата и информираше за тоа што се случи и од тој момент двете страни се во постојана координација и комуникација.

-Денеска роднините на пациентите кои се згрижени во болницата кажаа најпозитивни забелешки по однос на тоа како медицинскиот персонал ги третира. Меѓутоа, ние институциите сме координирани од сите аспекти, во делот на институциите од правда, здравствените институции, меѓутоа и ние во делот на надворешната политика. Така што сметам дека оваа координација ќе ја забрза целата постапка за што побрзо да се разрешат сите аспекти од оваа трагедија. Истрагата е во тек, координацијата е воспоставена и како ќе бидеме информираме така и јавноста ќе ја известуваме, рече министерот Османи./МИА/.

Next Post

Нора Шаќири разрешена од директорската функција на „Театар Kомедија“

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk