ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Очекуваме во наредните денови да има конкретни чекори на размена на предлози со Софија, вели Османи

November 28, 2021 15:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ ја чека одлуката на Бугарија, 26 земји-членки ја имаат донесено одлуката во однос на започнувањето преговори. Сите чекаме дали Бугарија ќе го крене ветото, и за тоа продолжува нашата комуникација. Очекуваме наредните денови да има одредени конкретни чекори во смисла на размена на предлози, чекаме средба од експертите од двете министерства за надворешни работи да се состанат и тие ставови да ги зближат уште повеќе со можности да се најдат решенија, а потоа влегува ЕУ со предлозите на претседателството и со тоа да се комплетира целиот пакет, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи за тоа дали има реални шанси за решение до крајот на годината.

Тој смета дека доколку се сфати тежината на моментот, 14 дена се сосема доволни врз основа на тоа што сме го сработиле досега, да се постигне договор. Меѓутоа, треба две страни за да се постигне тој договор, така да очекуваме која ќе биде позицијата на Бугарија после искажување на овие наши ставови.

– Самата најава за формирање политичка Влада во Софија значително ќе го олесни процесот. Нас ни се случи ситуација во годината кога требаше да се деблокира овој процес имавме трипати избори во една година во Бугарија и неможност за формирање Влада, што оневозможи нормална комуникација меѓу две политички влади и самата најава дека влегуваат сериозно во формирање на коалициска политичка влада дава оптимизам дека ова прашање води кон решение. Ние комуникациата не ја прекинавме и со техничката Влада, додаде Османи на прес-конференцијата во МНР за претставување на буџетот на Министерството предвиден за 2022.

Министерот информира дека овие денови се работи интензивно на дефинирањето на нашиот одговор на „пет плус еден точките“ и очекува во наредните денови во комуникација да се одговори на тие предлози и тоа да биде основа за следната рунда разговори меѓу експертите од двете МНР.

– Моменот на вклучување на политичката влада ќе биде клучен но ние мора да имаме одредена подготовка за да продолжиме понатаму на политичко ниво да ги решиме прашањата. Уште работиме со надеж за декември, да се фати тој рок иако и после 14-ти словенечкото претседателство има право да свика вонреден состанок на министрите за Европа да ја донесе одлуката било кој ден до 31 декември или пак во првите недели во јануари француското претседателство исто така не е врзано со конректен формален состанок на министри за надворешни работи на ЕУ, појасни Османи.

Така да работиме како да секој ден ни е опција меѓутоа политичката влада во Бугарија се разбира дека е важна компонента во тој план.

– Доколку се интензивира овој процес на комуникација, прво на ниво на експерти од двете министерства, преку размена на ставови исто така преку двдете МНР, и на сето тоа се надоврзува политичката комуникација помеѓу две политички влади или претседателот на државата кој сега веќе е избран во Бугарија, мислам дека може да се најде решение. Според темите што ги разговараме, според предлозите што се разменуваат, мислам дека навистина има простор за изнаоѓање решение. Eдноставно не сме толку далеку за да не можеме сега да ја интензивираме таа комуникација и да го искористиме моменот којшто е многу важен. А моментот е важен затоа што контекстот понатаму не се подобрува по однос на можноста за изнаоѓање решение а Бугарија се повеќе разбира дека тоа е исто толку важно колку за нас толку и за нив, додаде Османи. /МИА/.

Next Post

Нови 333 случаи на Ковид 19, пријавени се 19 починати од 32 до 91 година

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk