ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ангелов: Прво формирање на владата, па решение за спорот

December 2, 2021 11:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да оставиме да се формира владата, за да се дојде до решение за разликите меѓу Бугарија и Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.

-Разговорите продолжуваат, тие никогаш не запреле и се водат доверливо меѓу двете министерства за надворешни работи. Се надевам дека ние ќе добиеме нова влада. Утре е првата сесија на новиот Парламент на Бугарија и се надеваме дека новата политичка влада ќе постигне договор со Владата на Северна Македонија. Треба да оставиме да се формира владата, затоа што во Парламентот има седум политички партии и е многу тешко постигнувањето на решение. Така што, се надевам дека прво ќе избереме влада за да може да се дојде до решение, рече Ангелов, на новинарско прашање при посетата на Штип, за надминување на билатералниот спор и за тоа дали бугарската страна ќе има нов пристап во разговорите

Запрашан за 16-те пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување на правата за здружувањето на македонското малцинство во Бугарија и негирањето на македонско малцинство, како и на инсистирања на Софија за почитување на правата на бугарското малцинство во Северна Македонија и дали тоа бугарската страна го крши Договорот за добрососедство, Ангелов вели дека проблемот е што Договорот за добрососедство од 2017 година не се исполнува од македонска страна, но и, како што вели, дека нема претензии од Бугарија за бугарско малцинство во земјава.

-Договорот за добрососедство не се исполнува и тука е целиот проблем. Ние бараме тој да започне целосно да се исполнува во сите аспекти. Бугарија во Уставот како и Франција не признава малцинства, сите граѓани се еднакви пред законот, односно не признаваме колективни права, секој има индивидуални права да се чувствува како што сака и ние тоа не меже да го забрзаниме, ниту правото да се здружува. Тука има уште една неоснована теза дека ние никогаш не сме претендирале дека има бугарско малцинство во Република Северна Македонија, рече амбасадорот Ангелов.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Пендаровски: Да ја држиме политиката што подалеку од армиските редови

Најново

Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

May 8, 2026

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

May 8, 2026

СДСМ ги гаси коментарите на социјалните мрежи

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk