ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претставување и операционализација на новата развојна стратегија на Шведска за Северна Македонија

December 6, 2021 10:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

 Новата развојна стратегија на Шведска за Северна Македонија усвоена во октомври годинава под називот „Стратегија за реформска соработка на Шведска со Западен Балкан и Турција за 2021–2027 година“, ќе биде претставена денеска.

Шведска е еден од најголемите билатерални донатори на земјите од регионот на Западен Балкан. Шведската поддршка ја надополнува работата на ЕУ во областите кои се приоритетни од Шведска. Според стратегијата, Шведска, исто така, ќе продолжи да придонесува за поддршката на ЕУ за Северна Македонија во нејзината реформска агенда и во нејзините напори за членство во ЕУ. Шведска соработува со низа актери вклучувајќи ги, на пример, Владата, граѓанското општество и мултилатералните организации, се наведува во соопштението од шведската Амбасада.

Главни говорници на настанот ќе бидат Карин Јемтин, генерален директор на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка – СИДА, Калинка Габер, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања и Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорка на Шведска во Северна Македонија.

По пленарната сесија ќе следат технички дискусии во секоја од четирите области на стратегијата во кои ќе бидат вклучени релевантните засегнати страни, со цел да се операционализира стратегијата преку партиципативен процес.

Со новата стратегија, како што соопштија од шведската Амбасада, ќе се работи на човекови права, демократија, владеење на правото, родова еднаквост, инклузивен економски развој и животна средина и климатски промени.

Шведската поддршка, исто така, ќе се фокусира на мирољубиви и инклузивни општества, како и изградба на широки и долгорочни односи меѓу Шведска и земјите во регионот.

Преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида), Шведска ќе спроведе инклузивен процес за операционализирање на новата стратегија. За таа цел, Амбасадата на Шведска ги покани националните и меѓународните партнери, донатори и други важни чинители да земат учество во овој процес, стои во соопштението. 

извор: МИА

Next Post

Бугарски историчар Атанасов: Неодржливо е тврдењето дека македонскиот јазик и нација се вештачки

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk