Почна средбата во Влада на претставници на политичките партии од владината коалиција.
Премиерот Зоран Заев треба да ги информира за договорот што го постигнал со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, за влез на оваа партија во владејачката коалиција.
Пред почетокот на средбата, лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека се прават пошироки консултации, по што ќе се донесе некаков координиран заеднички став, но според неговите очекувања тој процес ќе трае уште најмалку месец дена. Тој вели дека незадоволните можат слободно да ја напуштат коалицијата.
За ДОМ, пак, како што изјави претседателката на оваа партија Маја Морачанин, важно е да се види кои ќе се програмските приоритети на новата Влада.





