ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Рекламите на Кока кола и мутациите на коронавирусот се неспоредливи

December 11, 2021 14:21
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со коронавирусот, за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот, според тоа, ниту може да управува со неговата распространетост. Откриени се бројни мутации кај вирусот САРС-КоВ-2 од почетокот на пандемијата, но само два случаи на мутации претставуваат поголема закана. Овие соеви на вирусот се нарекуваат алфа и делта. Најновиот вид наречен Омикрон, откриен неодамна, го загрижи светот поради тоа што има дури 32 различни варијанти и поради тоа се нарекува супер вирус, пишува „Вистиномер“.

Пост на Фејсбук споредува светски пијалок со мутациите на коронавирусот, со тврдење дека исто како што пијалокот може да биде заборавен ако не се рекламира, така и мутациите на вирусот се користат да се „рекламира пандемијата“.

Принтскрин ФБ пост

Споредбата на пијалокот има за цел да наведе дека и во пандемијата важи потрошувачкото правило  – колку повеќе се зборува за еден производ, толку повеќе се троши.

Овие две работи – светски најпознатиот пијалок со пандемијата се апсолутно неспоредливи.

Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со корона вирусот за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот, според тоа, ниту може да управува со неговата распространетост.

Научно е докажано дека вакцините можат да го ограничат ширењето на вирусот, а масовната вакцинација во минатото придонела за искоренување на одредени заразни болести.

Научен факт е дека вирусите природно мутираат,  објавува американскиот Центар за спречување и контрола на болестите (ЦДЦ).

Новите варијанти на вирусот се случуваат затоа што вирусот што предизвикува ковид-19 постојано се менува преку природен тековен процес на мутација (промена). Дури и пред вакцините за ковид-19, постоеја неколку варијанти на вирусот. За очекување е дека варијантите продолжат да се појавуваат, бидејќи вирусот продолжува да се менува.

Омикрон го загрижи светот

Откриени се бројни мутации кај вирусот САРС-КоВ-2 од почетокот на пандемијата, но само два случаи на мутации претставуваат поголема закана. Овие соеви на вирусот се нарекуваат алфа и делта. Најновиот вид наречен Омикрон, откриен неодамна, го загрижи светот поради тоа што има дури 32 различни варијанти и поради тоа се нарекува супер вирус.

Сепак, Светската здравствена организација соопшти дека е во координација со научниците и истражувачите за подобро да го разбере овој нов сој.

СЗО работи со технички партнери за да го разбере потенцијалното влијание на оваа варијанта врз нашите постоечки контрамерки, вклучувајќи ги и вакцините. Вакцините остануваат клучни за намалување на тешките болести и смртноста, вклучително и против доминантната варијанта, делта. Сегашните вакцини остануваат ефикасни против тежок облик на болести и смрт, соопшти СЗО.

Експертите сметаат дека постои значителна можност омикрон варијантата, поради големиот број мутации што ги содржи, да потекнува од тело со слаб имунитет. Во таков организам, вирусот може да остане долго време, поради што добива повеќе простор за мутации и колку повеќе вирусот се реплицира, толку почесто се случуваат „грешки“ во пренесувањето на генетскиот код.

Научници цитирани од британскиот весник „Гардијан“, соопштија дека новата варијанта на коронавирусот, која носи исклучително голем број мутации, „може да поттикне дополнителни бранови на болеста со заобиколување на човековиот имунитет“.

Научниците не очекуваат дека варијантата ќе биде целосно непрепознатлива за постоечките антитела, само дека сегашните вакцини може да дадат помала заштита. Значи, клучна цел останува да се зголеми стапката на вакцинација, вклучително и бустер дозите за ризичните групи.

Наредните две недели се очекува да се види однесувањето на новите мутации на Омикрон. Првичните сознанија се дека иако вирусот има голема преносливост, сепак, заразените имаат полесни симптоми.

СЗО препорача неколку, како што ги нарече, „најефективни чекори“,  што секој од нас може да ги преземе за да го намали ширењето на вирусот. Тоа се држење физичко растојание од најмалку 1 метар, употреба на добро прилагодена маска, проветрување, често миење раце со сапун и вакцинација, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post

Маж во Нов Зеланд примил 10 вакцини во еден ден

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk