ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Млади новинари: Младинските медиуми играат клучна улога во денешниот социјален живот во Северна Македонија

December 14, 2021 17:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младинските медиуми се соочуваат со слични предизвици во сите земји од регионот и ваквите проекти им помагаат на младите новинари да се поврзат, да научат повеќе и да ги покриваат темите од јавен интерес во целиот регион, истакнаа млади новинари на настан одржан во рамки на проектот „Media for All“, чија цел е тие да поразговараат за улогата на младинските медиуми во нивната држава.

На дискусијата за улогата на младинските медиуми во денешницата, се  разгледувале клучните трендови, предизвици и можности за соработка.

Младите новинари добија платформа да ги изразат нивните ставови за теми кои се важни за младите во Северна Македонија. За време на средбата фокусот бил ставен на статусот на младинските медиуми и програми во Северна Македонија и регионот,  добивање повратни информации од публиката,  родовата еднаквост и интеграцијата на родовите прашања и  новинарството во регионот на Западен Балкан.

– Универзитетското радио УГД ФМ е младински медиум, нашите новинари се млади луѓе и дел од работата ни е да ги менторираме. Проектот многу ни помогна да стекнеме нови перспективи и знаење коишто им ги пренесуваме на младите. Во рамките на проектот создадовме сосема нов медиум (https://goce.mk/), којшто објави преку 550 стории напишани од млади и во којшто работи тим од 10 млади новинари, кои се надеваат дека во иднина ќе станат професионалци во областа на медиумите, изјави Игор Стојанов, еден од учесниците на проектот изјави.

Нина Мирчевска од Радио МОФ нагласи дека програмата за менторство во рамките на проектот многу им помогнала на неа и на нејзините колеги од Радио МОФ.

– Се среќававме и разменувавме идеи и искуства со колегите од земјите ширум Западен Балкан со коишто работиме на слични теми. Покрај тоа, научивме како да го спроведеме тоа што ни е потребно, а што не е спроведено досега, додаде Мирчевска.

Проектот „Media for All“ има за цел да се зголеми капацитетот на младинските медиуми да создаваат квалитетна, релевантна, етичка и родово-сензитивна содржина, да се зголеми интересот и вклученоста на младите во медиумите на локално ниво и да се овозможи поддршка за регионалните мрежи на млади во медиумите.

Проектот „Media for All“ им овозможува поддршка на младите новинари и младинските медиуми преку следните активности: програма за обука за млади новинари, менторство за избраните младински медиуми и регионален натпревар за млади новинари, за којшто се составија тимови од по тројца млади новинари кои работеа заедно на сторија на тема што е важна за нивната генерација.

Со Медиа Центар Сараевое создадена специјална програма за инструментален процес на менторство за младинските медиуми ширум Западен Балкан. Од септември 2021 година до јануари 2022 година, медиумите ќе работат со искусни професионалци од областа на медиумите на разни теми поврзани со нивните секојдневни активности.

Проектот „Media for All“ им овозможува менторство, обуки и поддршка од експерти на локалните и регионалните медиуми, за да ги вклучат поефективно нивните читатели, слушатели и гледачи. Целта на проектот е да се промовира квалитетна, етичка и родово-сензитивна содржина, како и да се засили гласот на жените, младите и недоволно застапените заедници. При соработката со новинари, уредници, сопственици и публика од земјите ширум Западен Балкан, проектот овозможува и поддршка за деловен развој согласно потребите на медиумите, зацврстување на двонасочната комуникација помеѓу граѓаните и медиумите и поддршка за младинските медиуми и младите новинари ширум Западен Балкан.

Британски совет соработува со партнерите Балканската истражувачка мрежа (БИРН), Фондацијата „Томсон“ и ИНТРАК (Меѓународниот центар за обука и истражување на НВО) за програмата „Media for All“, којашто е финансирана од Владата на Обединетото Кралство.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Денес се регистрирани 353 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, oздравени се 450 пациенти

НАЈНОВО

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по упадот на дронови во Данска

September 28, 2025

Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живот на други светови: Каде најмногу се надеваат научниците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk