ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Општина Дебар со најниска стапка на имунизација против коронавирусот

December 15, 2021 10:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: Мета

Фото: Мета

Share on FacebookShare on Twitter

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, во Општина Дебар има најмал опфат на вакцинација против коронавирусот, само 28.3 отсто од вкупното население е вакцинирано. Од дебарската болницата, пак, велат дека доколку се изземат печалбарите во Дебар, околу 50 отсто од населението со постојано живеалиште е имунизирано, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Општина Дебар е еден од градовите во државата со најнизок опсег на вакцинација против коронавирусот. Според последниот извештај на Институот за јавно здравје (период од 22 до 28.11.2021 г.), само 28,3 проценти од вкупното население во Дебар е вакцинирано, што е најниска стапка во земјата. Статистички само 35 отсто дебранци над 18 години примиле вакцина.

Од Општата болница Дебар велат дека процентот на имунизирани не е толку низок, бидејќи голем процент од населението се иселеници.

Не може да кажеме дека имаме низок процент на вакцинација. Доколку се изземат иселениците, јас мислам дека е вакцинирано 50 отсто од населението кое постојано живее во овој крај. Во процентот што го прикажува Институот за јавно здравје се и печалбарите кои не живеат тука, а ги има многу, па затоа излегува како да имаме најнизок процент во земјава, вели во изјава за „Вистиномер“ Баки Алили, директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Дебар и Центар Жупа.

Според пописот од 2002 година, општината имала население од 19.542 жители, но денес добар дел од нив се печалбари во европските земји и таму си живеат.

Од дебарската болница, велат со прва и втора доза вкупно биле вакцинирани околу 13.000 граѓани. Дополнуваат дека голем е интересот и за трета доза вакцина.

Задоволни сме од интересот на граѓаните. Има интерес и за трета доза вакцина, досега се аплицирани околу 450 бустер дози. Дневно имаме од 30 до 50 пациенти кои се вакцинираат. Трета доза се аплицира  само „Фајзер“, но ние како болница располагаме и со вакцините на „АстраЗенека“ и на „Синофарм“, додава Алили.

Во моментов во Дебар и Центар Жупа има само еден хоспитаизиран пациент позитивен на коронавирусот.

Состојбата со коронавирусот е доста стабилна, немаме голем број на заболени лица. Имаме еден пациент хоспитализиран на Инфективното одделение и тој е во стабилна состојба. Не е на кислородна поддршка со лесна клиничка слика, вели Алили.

Од почетокот на пандемијата, според ИЈЗ ( состојба 28.11.2021 г.), во Дебар заболеле вкупно 1.455 лица од нив, 72 лица го загубиле животот. Стапката на леталитет е една од повисоките во земјава и изнесува 4,9 отсто.

На стартот на пандемијата општините Дебар и Центар Жупа беа првото жариште на коронавирусот. Во март лани, со одлука на Владата беа ставени во едномесечен карантин, бидејќи од вкупно 13 заболени во земјава, дури 11 беа од овие краишта. Првите заболени се претпоставува дека беа повратници од Италија.Во двата региона беше ограничено движењето, никој не смееше да влегува, ниту да излегува, освен со дозвола исклучиво за итни потреби.

Во последните денови Општина Дебар ја нема на листата новозаболени, ниту починати од ковид -19, според последната статистика од Министерството за здравство (објавена на 06.12.2021 г.), таму има само два активни случаи на коронавирус, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Стив Кари стана најдобар „тројкаџија“ во историјата на НБА

НАЈНОВО

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по упадот на дронови во Данска

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk