ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ: Извозот поголем за 17,5 проценти од лани, увозот за 37 отсто

December 19, 2021 11:12
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на 2021 до крајот на ноември компаниите активни во Технолошко индустриските развојни зони достигнале извоз од 2 милијарди и 734 милиони евра што, како што информираат од ТИРЗ е највисоко досега споредено со истиот период во изминативе четири години.

Според анализата, вкупниот извоз во првите единаесет месеци е за 17,5 отсто повисок споредено со истиот период лани, односно 7,5 проценти повисок споредено со периодот јануари-ноември од 2019 година и за речиси 23 отсто повисок во однос на 2018 година. Само во ноември компаниите активни во зоните оствариле извоз од 251 милиони евра, што е на исто ниво со ноември 2020 година, а за 2 проценти повеќе од истиот месец во 2019, односно 13 отсто повеќе споредено со ноември 2018.

Регистриран е и раст на увозот во анализираниот период споредено со истиот период во последните четири години. Увозот од јануари до ноември е 2 милијарди и 653 милиони евра што е за 37 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, додека споредено со 2019 растот е 13 проценти, односно 39 отсто раст има во однос на 2018 година. Увозот само за месец ноември е 211 милиони евра. Споредено само со месец ноември 2020 и 2019 година има пад од 5 проценти, а во однос на ноември 2018 година падот е 13 отсто.  

Во ноември е регистрирано и највисоко ниво на нето извозот од почетокот на годинава – над 19 проценти, што, според ТИРЗ, е показател на опоравување на компаниите и враќање на нивото пред пандемијата. Бројот на вработени е стабилен и останува во рамки на годишниот просек.

Од ТИРЗ наведуваат дека се очекува ваквиот тренд да продолжи и во последниот месец од годинава со што би се достигнала границата од 3 милијарди евра извоз, што ќе се смета за рекордно ниво досега. 

Next Post

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле ова право

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk