ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Арсовска најави, но не почна на 10 декември да го украсува Скопје за Нова година

December 20, 2021 13:04
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

На 3 декември годинава, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска излезе во видео обраќање на Фејсбук во кое вети дека:

На десетти декември ќе отпочне новогодишното китење на градот Скопје. На мојот повик се одзваа општествено одговорни компании, кои со оглед на здравствено економската криза и на енергетската криза со кои сме соочени, поттикнати од она кое што го кажавме претходно дека е неопходно да ги рационализираме средствата кои градот Скопје ги има на располагање, се понудија и денеска склучивме меморандум за соработка за новогодишно китење без фискални импликации по градот. Тоа значи дека за новогодишните празници градот Скопје ќе биде свечено накитен и во пригодна атмосфера ќе успееме да го прославиме тоа што доаѓа нова година, а притоа градот Скопје и скопјани нема да дотираат од сопствениот буџет. Верувам дека со оваа рационализација ќе успееме тие средства кои беа предвидени за овие активности да ги пренамениме за активности за социјална грижа на ранливите групи на Скопје а од друга страна би сакала да се заблагодарам на компанијата која излезе во пресрет, вели Арсовска во видеоматеријалот.

[Извор: Фејсбук страница на градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, видео обраќање; датум: 3.12.2021 г.]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го раскина договорот за украсување на Скопје потпишан од нејзиниот претходник Петре Шилегов, како што образложи, поради енергетската криза. Но, набрзо потоа градоначалничката соопшти дека фирмата со која бил раскинат договорот, е општествено одговорна и ќе го украси Скопје бесплатно. Во видео обраќање на Фејсбук таа на скопјани им вети дека градот ќе почне да се украсува на 10 декември. Меѓутоа, на денот кога  пишуваме овој текст – 16 декември, ветувањето на Арсовска не е исполнето. Скопје, вклучително и централното градско подрачје, воопшто не се украсени, иако рокот којшто го даде градоначлничката е пробиен за 5 дена.

Граѓаните во повеќе анкети во медиумите, исто така, го забележуваат доцнењето и се прашуваат дали воопшто главниот град за Нова година ќе блесне. Новогодишната елка која секоја година го украсува централното градско подрачје односно плоштадот, не е поставена.

Украсувањето кое Арсовска прво го најави за почеток на 10 декември, па потоа со почеток на 15 декември, не се оствари. Следните фотографии се од 16 декември, направени во раните утрински часови. Нема елка, нема светулки, ниту какви било  новогодишни реквизити.

Со оглед на тоа што стартот на  новогодишното украсување на Скопје доцни барем пет денови од она што беше првично најавено, ветувањето на градоначалничката на Скопје  дека градот ќе почне да се украсува на 10 декември, го оценуваме како неисполнето, пишува „Вистиномер“.

Next Post

Маричиќ го повлече списокот за помилување на затвореници

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk