ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не секој ќе се нафатеше…

December 20, 2021 16:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Не им беше по мерка СДСМ затоа што Заев и Радмила го превземаа кормилото. Не им беше по мерка Венко затоа што се бореше да го исчисти контејнерот наречен мкд Здравство, да ги извлече од пандемијата на еден исклучително човечки начин, со смиреност, со нерви како “сајли“ за висечки мостови, со мољакање, со секојдневни замолници како да се чуваме. Не им чинеше Мила Царовска, заради многубројните лажни таканаречени ама измислени афери, не им чинеше ништо од владата на Заев, заради Заев, Рада, Венко, заради Мила и таканатаму. Замислете, сега се вџашуваат од оставката на Заев, од смената на Венко, од самонајавените оставки на Радмила и Мила. Истите го прогласуваат СДСМ за пепел и прав, во смисла, каков е тој СДСМ без Заев, Рада, Венко и Мила?

Ковачевски е се’ уште непозната политичка фигура за пошироката јавност, како и за многу од членовите на партијата, па го прогласуваат за анонимус кој по не знаеме кој пат ќе ја дорастури СДСМ, уште повеќе ќе го дистанцира дистанцираното од Заев и Рада скопско крило, ќе ја однесе партијата во неповрат, и демек, седиштето на Бихаќка ќе стане празен голубарник покрај помочана булка крај напуштена пруга на трети колосек од стара Железничка…

Токму овие реакции и контракции за Ковачевски треба да бидат негов стимул за зацврстување на партиското јадро, за внесување нов, енергичен, стабилен пристап кон новата политика , кон новите темели на државноста, кон ЕУ/НАТО иднината, кон добрососедството врз база на цврсти темели базирани пред се’ на почитта кон себе, и највеќе кон грижата за членството за да се врати со почит од сите други. Ковачевски има тешка, можеби најтешка задача од сите досегашни лидери на оваа партија, и, ако знае, ако умее, ако ја поседува во себе сериозноста со која јасно ќе укаже дека партијата е семејство под чии покрив има место за сите, и за оние кои не се согласуваат со одредени решенија, и за оние кои се согласуваат, и за оние кои се колебале и заради сопствената егоцентричност се самодистанцирале од Бихаќка, за сите кои во минатото и сега се самооткажуваат од владата која тој има намера да ја состави затоа што дознале на време дека таму нема да ги има, дека раководството на матицата која новиот лидер ќе го прогласи е ново, дека има други кадри, други нивни сопартијци или колеги на нивните места, тогаш, има шанси за успех…

Ова е најкомплицираното нешто со кое Ковачевски треба да се бори, нешто што во наши прилики можеме слободно да го класифицираме како борба за рубриката Рипли – верувале или не. Ете, јас верувам дека момчаков е свесен за овој момент, за исклучително тешкиот период во кој се нафати да ја превземе “Бихаќка“, и, ако сум во право, му посакувам победа. Нема ништо повеличествено и потриумфално, од победа во ваков широк фронт од скептици, разочарани и самобендисани, отровни опозиционери. Едните веруваат дека СДСМ се врти околу нив, дека Бихаќка е нивна куќа од која времено се “иселиле“, другиве од “Шампитата“ навиваат за нив за кога тогаш да се вратат, а во меѓувреме тие да ја превземат власта. Ковачевски треба да знае на сите да им укаже, дека, не заради него, уште помалку заради раководството кое тој ќе го нзаначи, ич заради нивното самодистанцирање, туку и заради неговата и заради нивната определба да бидат дел од семејството на Бихаќка, вратите во таа куќа секогаш ќе бидат отворени за сите. Ова се покажува и се докажува со квалитетен пресек во јадрото, кое, за многу кратко време ќе прожектира нов систем, нова тактика, нова политика изградена на социјалдемократски правила и принципи, без влакно препотентност, самобедисаност, арогантност, без лепливи прсти, без алчност во сопствените редови. Која борба, кој предизвик, еј…

Сакам час поскоро да викнам, “Гоу Ковачевски, гоууу!“, ама, рано е.. Му посакувам тоа да му се случи. Не секој ќе се нафатеше…


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани
Next Post

Aсани: „Славија“ беше распродавана на парче од владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа e обезвреднета, а тој што ќе ја купи ги презема и милионските долгови

НАЈНОВО

Филков: Интерпелацијата за Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите

August 9, 2025

Никола Бадев, бардот на македонската народна песна – Момите лудувале по него и по неговиот кадифен глас

August 9, 2025

Локални избори- шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е „Сторм-1516“- групата за дезинформации поврзана со Кремљ која стои зад руските лажни наративи што ја преплавуваат Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk