ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ФИТР: Позитивните резултати на поддржаните компании се потврда за ефективното работење на Фондот

December 23, 2021 12:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој ги претстави резултатите од анализата на перформансот на сите компании поддржани, односно ко-финансирани од ФИТР, што покажува позитивен тренд, односно кумулативен раст на приходите, позитивни резултати на компаниите и за време на кризата, но и раст на приходите за државната каса.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, нагласи дека позитивните резултати од анализата на перформансот на целото портфолио компании ко-финансирани од ФИТР се уште една потврда за посветеноста и вложувањето кои ги правиме за унапредување на конкурентната економија заснована на знаење во земјава.

-Овие резултати се и добар индикатор за тоа како можеме да ја зголемиме ефективноста и ефикасноста во искористувањето на средствата и ко-финансирањето на Фондот од што пак најголем бенефит ќе имаат македонските иновативни компании, рече Петров.

Тој, исто така, посочи дека Фондот располага со ограничени средства и најважно е истите да се насочат во сектори кадешто можат да се постигнат највисоки перформанси со дополнително финансирање, односно најголем број на вработувања, солидни расходи за вработените и високи приходи за државата во вид на даноци за да се овозможи понатамошно финансирање на нови проекти.

Според податоците, секторите со најдобар перформанс се оние кај кои човечкиот фактор има најголемо значење, односно ИТ секторот со вредност од 21,27 милиони евра и вкупни 171 ко-финансиран проект и “Start-Up/Spin-Off” со вкупна вредност од над 6 милиони евра, просечни приходи кои бележат пораст од 197 отсто, раст на добивка од 105 отсто и 119 отсто зголемување на бројот на вработени.

На ниво на портфолио, според анализата на ФИТР, компаниите поддржани од ФИТР во периодот од 2017 до 2020 оствариле кумулативен пораст на приходите од 50 отсто, додека кумулативниот пораст на профитот на целото портфолио изнесува високи 75 отсто. За односниот период, порастот на вработени е 44 отсто, при што компаниите кои се поддржани од ФИТР во 2020 година вработуваат вкупно 8439 вработени. Она што се истакнува е кумулативниот пораст на просечната нето плата од 9 отсто, при што износот на просечна нето плата во 2020 година изнесува 516 евра, износ кој го надминува државниот просек.

– Од анализата може да се забележи и дека портфолиото на компании финансирани од ФИТР оствариле позитивни резултати односно пораст во кризната 2020-та во споредба со 2019-та година и падот на БДП. Само во кризната година, приходите имаат пораст од 8 отсто, а  добивката од дури 21 отсто. Всушност, кризата придонела за оптимизирање на поголем број процеси во компаниите и бизнис моделите кое пак директно влијаеле на профитабилноста и нејзиното зголемување. Забележливо е дека компаниите ги зголемиле и бројот на вработени за 3 проценти со паралелно зголемување на платите од 5 отсто бидејќи просечната месечна нето-плата по вработен бележи пораст од 491 на 516 евра, се вели во соопштението од ФИТР.

Вкупната вредност на сите 669 проекти финансирани од Фондот до јуни 2021 изнесува вкупно 88 милиони евра, од кои 55 отсто биле ко-финансирани од Фондот, а 44 отсто од самите компании, со просечна вредност по проект од над 132 илјади евра. Во истиот период, бројот на нови работни места во компаниите од портфолиото е зголемен за преку 2.500, а буџетските расходи на компаниите, односно приходите за државниот буџет во вид на даноци на добивка, персонален данок и придонеси за вработените изнесуваат дури 26 милиони евра.

Дел од препораките на Фондот е и креирањето програми за обука и едукација на компании кои немаат добиено или немаат потреба од финансиска поддршка ФИТР за истражување и развој, бидејќи значително ниското инвестирање во истражување и развој во Северна Македонија е показател дека е потребно општо подобрување на домашната економија во овој поглед, кај компании кои имаат капацитет, а не го искористуваат за иновативни решенија. Дополнително, според ФИТР, од круцијална важност се и обуките и консултативните сесии на претприемачите за воспоставување на нов бизнис, што ќе ја зголеми веројатноста за успех и остварување на подобри финансиски резултати за пократок временски интервал.

извор: МИА

Next Post
Бранко Тричковски

Црвените линии се јаже за бесење

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk