Новинарот Љубиша Арсиќ вчера реагираше на предновогодишниот пропаганден трик на Христијан Мицкоски, дека во неговата новогодишна прорака се работи за „класичен видео маркетинг (предизборен) спот кој денеска успешно им го подвалува на телевизиите“. На таа тема пишуваше и Фронтлајн во текстот „Мицкоски прави евтини предизборни трикови, дел од уредниците ја лапнаа пропагандната јадица“.
Очигледно, многу погодени од оваа критика на пропагандниот трик на Мицкоски, веднаш по Фејсбук објавата на новинарот Арсиќ, партиските тролови тргнаа во напад и спинови, меѓу другото, клеветејќи ги дека нивни блиски биле вработени во Владата или дека на друг начин имале некаква корист од неа, па затоа сега се и новинари на СДСМ. На тие спинови денеска одговори новинарот Арсиќ:
„Владимир Панчевски, Илија Димовски и останати вмровци, пред да лажете чија сопруга каде работи проверете си ги изворите оти очигледно ве мајтапат како сакаат. Мојата не работи во власта, а со тоа ви пропаѓаат обидите на Твитер да ме преставите како новинар на СДСМ. А вие Панчевски најдобро знаете дека јас пишувам против сите кои не се чесни и прекршиле закон. Вие лично сте ми биле извор за многу теми. Ама откако преминавте од другата страна на законот, наеднаш најдобриот новинар ви стана партиски.“
Партиските тролови на опозицијата не престанаа со провокации, говор на омраза и спинови ни во часовите на празнување и веселби по повод Новата Година. Тоа е сигнал дека нивното дејствување само ќе се засилува во деновите пред нас, а особено откако ќе се формира техничката влада, најверојатно за два дена.





































































































