ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лазаров: Потребен е развој на економската соработка за полесно да дојдеме до решение со Бугарија

January 10, 2022 14:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Недостигот на разбирање и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија негативно влијаат врз деловната клима и трговските односи меѓу двете држави. Потребен е развој на економијата, проекти и инвестиции кои ќе го поплочат патот на политиките за полесно да дојдеме до решение, смета претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Кирил Лазаров.

Во интервју за „Локално“, Лазаров вели дека до првото вето од страна на Бугарија, економските односи меѓу двете држави биле во нагорен тренд и дека актуелната ситуација само ги оддалечува двата народа.

– Политичка криза нема, но има недоразбирања кои се несфатливи за целиот свет кој го следи овој процес од блиску. И, тоа се наметнува до таа мера што ќе предизвика аномизитет и недоверба помеѓу народите. Сериозните инвеститори нема да сакаат да инвестираат во земја која нема јасен патоказ и преспектива кон ЕУ, па не еден, туку сто берлински процеси да има. Едноставно пазарот е мал, ограничен и непродуктивен, затоа ни треба ЕУ пазарот. Блокадата од Бугарија ни нанесува и сериозни економски штети затоа што ги одвраќа сериозните инвеститори. Лоша тактика на Бугарија, односно на политичките елити таму. Но, во светло на идните односи и новите политички номенклатури во Бугарија, како и на стратешките интереси на САД и ЕУ на Балканот, можам да заклучам дека сепак работите ќе одат во многу попозитивен правец. Нема друга алтернатива, тој е патот, вели Лазаров.

Посочува дека во светот постојат политички недоразбирања меѓу некои земји-членки на ЕУ, но оти економијата функционира.

Коментирајќи ја најавената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков закажана за 18 овој месец и дали се можни олеснувања во меѓусебните односи, Лазаров со став дека не гледа друга алтернатива.

– Не дали треба или сакаме, туку новиот свет наметнува дека мораме. Ќе си дозволам да коментирам малку геополитика – официјална Софија често милува да каже дека клучот односно патот на Македонија е преку Софија, во ред, но и одговорноста за можна нестабилност или мешање на други регионални и геополитички сили кои не делат исти вредности со ЕУ ќе биде тие што го имаат клучот. Газда без одговорност не постои, клучот е во Софија и за можноста овие народи место да соработуваат да се замразат и за последиците ќе одговара кај оној кај што е „клучот“. Јас мислам дека клучот е кај Брисел и Вашингтон, но до кога со странски помагачи? Доволно сме зрели и рационални за сами да се договориме ако имаме европски дух, подвлекува Лазаров.

Важно е, вели Лазаров, политичарите да решат да одиме напред. Им порачува да ја гледаат иднината, наместо минатото и пријателството наместо омразата.

– Односи низ призма на економија, наместо историја, европски дух наместо балкански. Сите ќе имаме бенефит, Бугарија е многу напред во користење на фондови за туризам, земјоделие, енергетика и можеме многу да научиме од нив, истото важи и за нив, нивните пари, капитал, интереси нека ги оплодат тука, наместо кај некој друг. Стратешко партнерство се заслужува, не се наметнува. На крај од поголемиот брат се очекува да пружи рака наместо блокада, наведува Лазаров.

За Коридорот 8, вели, дека е од огромно стратешко значење, а смета дека постои огромен потенцијал за соработка во многу области кои имаат стратешка компонента како туризмот, зелените енергетски проекти и земјоделитето.

Со отворено писмо до премиерите на двете земји во кое повикуваат на надминување на недоразбирањата досега се огласија неколку граѓански здруженија од Бугарија и Северна Македонија, како и Македонската-бугарската стопанска комора. Тие ја поздравија желбата на Петков и Ковачевски за промени и за искористување на следните месеци за постигнување позитивни резултати.

извор: МИА

Next Post

Синдикалната минимална кошничка во декември повисока за 150 денари во однос на ноември

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk