„Мрежата не е на БЕГ туку на Град Скопје, БЕГ има договор за користење на мрежата. За тоа постои и судски спор како се издадени лиценците кон БЕГ.
Ние во член 47 во Законот за енергетика сме превиделе непрекинато давање топлинска енергија. Носителот на лиценца не смее да прекине да ја исполнува обврската, или, не може да има прекин на греењето. Според закон може да има прекин само ако претходно се извести Регулаторната комисија, но само под оправдани причини, кога има реална причина, некоја интервенција на системот на пример. Но, генерално не може да има прекин. Ние ќе ги користиме сите механизми за да имаме редовна дистрибуција на топлинска енергија.“- изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, на телевизија 24.
За БЕГ и ЕВН можеме да обезбедиме кредити од Европската банка, но не да субвенционираме приватни компании
„БЕГ и ЕВН не се во државна сопственост, не можеме да ги субвенционираме директно, ние можеме да создадме услови тие да добијат пари преку кредити од Европската банка за развој, но исклучиво со банкарска гаранција, за да бидеме сигурни дека утре тие средства ќе се вратат. Без никаква гранција дека тие пари ќе се вратат никој нема да дозволи финансиска помош.“- изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, на телевизија 24.
„Во член 151 во Законот за енергетика обврска на единиците на локална самоуправа е дека учествуваат во снабдувањето на топлинска енергија. Ние имаме 120 милиони евра за соочување со енергетската криза и имаме механизам да помогнеме да се вратат долговите на државните институции или локалните институции. Мораме да помогнеме за да го ублажиме ударот.“- дополни Бектеши.







