„Како што најави и бугарскиот премиер Петков, Договорот за добрососедство ќе биде почетна точка. Ќе тргнеме од него за градење на нашите ставови. Верувам дека ќе се постигне решение и ќе имаме плодна соработка со Бугарија. Само со дијалог и соработка може да се надмине спорот и да стигнеме до целта, а тоа е отворање на пристапните преговори со Европската Унија“ кажа пратеничката од СДСМ и предлог кандидатка за министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска со емисијата „200“ на Алсат М.
Таа додаде дека само со збложување на вредностите на двата народа и потесна соработка меѓу државата може да се промени наметнатата перцепција дека Бугарија и Северна Македонија се непријатели.
„Верувам во дијалог и наоѓање решение. Сметам дека имаме позитивни сигнали од бугарска страна дека ќе се дојде до решение и ќе се соработува. Сепак, нашите црвни линии се јасни – за јазикот и идентитетот не преговараме, но ќе продолжиме со позитивен дискурс и позитивна политика“ кажа Костадиновска Стојчевска.
Таа рече дека мора да се отстрани перцепцијата дека ние сме непријатели, бидејќи не може да негуваме европски вредности доколку сме скарани со своите соседи.







