Претседателот, Стево Пендаровски во Вила Водно му го врачи мандатот на Оливер Спасовски, за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници.
– Врз основа на член 84 алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Македонија и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор за состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, го определувам Оливер Спасовски – изјави претседателот Пендаровски.
Сега Спасовски треба да ја предложи новата Влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во периoдот до изборите и формирањетo на новата Влада.