ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажна страница на КАМ маркети ги манипулира граѓаните дека ќе добијат ваучер од 5 илјади евра

January 20, 2022 12:30
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Постот што го рецензира Вистиномер, а во кој се тврди дека граѓаните ќе добијат 5 илјади евра од „КАМ маркет“ ако остават податоци на линкот во објавата, е лажен. Згора на тоа, злоупотребено е и официјалното име на компанијата за да се собираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи. Вистинската Фејсбук страница на „КАМ маркети“ има над 270 илјади следачи, има вистински адреси од сите маркети, води до официјална веб-страница на компанијата, објавува голем број на летоци со ценовници и секојдневно има огромен интернет сообраќај, пишува „Вистиномер“ во својата проверка.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се вели дека „КАМ“ маркетите во државава доделуваат вредносни ваучери доколку корисниците на социјалната мрежа, односно оние кои се нивни фанови во групата на Фејсбук, исполнат неколку услови за добивање на ваучерите. Проблемот со овој пост е во тоа што се злоупотребува името на „КАМ маркети“, групата не е вистинска туку е лажна, а веќе има собрано над 7.500 членови. Постот е исклучително вирален, има добиено над 1.000 допаѓања и над 1.800 споделувања.

Денес, на почетокот на јануари, нашата продавница по случаен избор ќе подели купон од 5.000 евра на 100 луѓе.Напишете ги првите букви од вашето име и добијте подарок картичка со тоа име. Белешки; Споделете ја оваа објава и внесете го вашето име во колоната за коментари подолу, се вели во лажниот пост што го рецензираме.

Постојат неколку показатели дека страницата е лажна. Првиот е дека нема наведено официјална веб-страница од „КАМ маркети“, нема посочено официјална адреса на претставништвото на маркетот, фонтот со кој е испишано името е поинаков од оној на официјалната страница, нема многу голем број на следачи и има многу низок рејтинг од 1.2 ѕвездички од страна на корисниците.

Наместо адреса до седиштето на „КАМ“ маркетите, објавен е линк до страница која ги лаже посетителите дека се избрани за добитници на награда од 5 илјади евра. Дополнително од нив се бара да остават податоци кои се нивни лични, по што бесрамно се лаже, дека за 5 минути ќе ја добијат наградата. Оваа порака им стигнува на сите коишто ќе кликнат на линкот, а не само на 100 луѓе како што се тврди во лажниот наводно награден пост.

Интересно е да се забележи дека креаторот на лажната страница, за да добие на веродостојност, односно за полесно да ги изманипулира корисниците, има постирано и флаери од вистинските производи во КАМ маркетите со ценовници. Но, сето тоа е испомешано со лажни постови од никогаш недоделени награди во наградни игри. Страницата е прилично нова формирана на 14 ноември 2021 година.

Вистинската Фејсбук страница на „КАМ маркети“, пак, има над 270 илјади следачи, има вистински адреси од сите маркети, води до официјална веб-страница на компанијата, објавува голем број на летоци со ценовници, секојдневно има огромен интернет сообраќај. На оваа Фејсбук страница нема никакво условување на граѓаните да оставаат лични податоци за наводно да добијат 5 илјади евра.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот што го рецензираме, а во кој лажно се тврди дека граѓаните ќе добијат 5 илјади евра од „КАМ маркет“ ако остават податоци на линкот во постот, е лажен. Згора на тоа, злоупотребено е и официјалното име на компанијата за да се собираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи, за потреби на креаторот на лажната страница, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post

Ковачевски – Абдрахманов: Северна Македонија е подготвена да го преземе претседавањето во 2023 година

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата повика на „длабоко размислување“ за третманот на мигрантите во САД: Го критикуваше Трамп за масовните депортации

November 6, 2025

Планот на Исакман за НАСА вклучува беспилотна мисија на Марс следната година и соработка со SpaceX

November 6, 2025
Скриншот

Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали кај островот Минамиторишима

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk