ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина, предупредува за разорни последици

January 20, 2022 13:56
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека Русија ќе ја нападне Украина, но смета оти Владимир Путин не сака „целосна војна“, јавува Би-би-си. Бајден на прес-конференција предупреди дека Путин ќе плати „сериозна и скапа цена“ за инвазијата, но и посочи дека упадот од помали размери може да се третира поинаку.

Весникот Гардијан ја пренесува изјавата на Бајден, во која што тој ја алармира владата во Киев дека НАТО е поделен во однос на прашањето како да се одговори на „помал упад“ од страна на Русија во Украина.

Русија има околу 100.000 војници стационирано на границата со Украина, но негира дека планира да изврши инвазија врз нејзиниот сосед. Сепак, поставувањето на огромен број војници и воена опрема на границата со Украина се случува во период кога официјална Москва побара од НАТО да не ѝ се дозволи на Украина да стане членка на Алијансата, но и САД и земјите-членки на НАТО да се откажат од воени активности во Источна Европа.

Запрашан за намерите на Владимир Путин во однос на Украина, американскиот претседател Бајден одговори:

Не сум до толку сигурен дека тој одлучил што ќе прави. Мојата претпоставка е дека тој ќе влезе. Мора да направи нешто.

Сепак, Бајден предупреди дека инвазија од голем обем на Русија врз Украина ќе претставува „најконсеквентната работа што се случила во светот во однос на војна и мир од Втората светска војна“, со ризик да излезе надвор од контрола и подалеку од границите на Украина.

Американскиот претседател дополни дека Русија би можела воено да победи во инвазијата, но притоа ќе претрпи сериозни загуби. Бајден рече дека тоа нема да биде само воена прошетка во Украина, истакнувајќи ја воената помош што САД ѝ ја доставија неодамна на Украина.

НАТО веќе соопшти дека ќе распореди воени трупи во земјите од источното крило на Алијансата во случај на напад од Русија врз Украина, додека САД веќе дискутираа со европските сојузници за низа од санкции што ќе ги добие Русија доколку се одлучи да ја спроведе инвазијата.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен треба да се сретне со рускиот министер за надворешни работи во петок во Женева, откако претходно Блинкен беше во посета на Украина и предупреди дека Русија може да ја нападне Украина за многу кратко време.

Извор: МЕТА

Next Post

Спасовски: Меѓународни институции ја рангираа Северна Македонија како најбезбедна од земјите од Западен Балкан

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

November 1, 2025

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk