ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕСМ: РЕК Битола испрати свои пожарникари за гаснење на пожарот во Жито Битола

January 24, 2022 11:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
sdk.mk

sdk.mk

Share on FacebookShare on Twitter

Две противпожарни возила и 20 пожарникари и вработени во Службата за техничка сигурност при РЕК Битола активно се вкучија во гаснењето на пожарот во фабриката Жито Битола. Едно противпожарно возило на РЕК Битола со тројца пожарникари дежураа во текот на ноќта, заедно со колеги од противпожарната единица од Битола и будно ја следеа состојбата во опожарениот објект. Противпожарната служба на РЕК Битола останува на располагање за каква било интервенција, доколку има потреба од тоа, соопшти ЕСМ.

РЕК Битола како општествено одговорна компанија, посочија од компанијата, во многу наврати учествува во различни акции за заштита на општественото добро.

Противпожарната служба на комбинатот беше вклучена во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјата минатото лето, а претходно и во гаснењето на депонијата Мегленци во близина на РЕК Битола.

Согледувајќи ја важноста на противпожарната служба за комбинатот, како и за градот и државата, Синдикатот на РЕК Битола, каде членуваат пожарникарите од РЕК Битола, и менаџментот на комбинатот договорија осовременување на опремата што ја користат пожарникарите при интервенциите, како и на униформите што ги носат вработените во службата. Во фаза на потпишување се договорите за набавка на униформи за пожарникарите, на противпожарни одела, ракавици и чизми во вкупна вредност од над четири милиони денари, односно околу 70.000 евра. Новата опрема ќе ја зголеми безбедноста на пожарникарите, а ќе ја зголеми и ефикасноста при интервенциите, информираа од ЕСМ. /MИА/.

Next Post

Д-р Бухова: Не може доктор и некој што знае медицина да биде антиваксер

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk