ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: И од Северна Македонија и од Бугарија се очекуваат резултати

January 24, 2022 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, изјави министерот надворешни работи Бујар Османи во интервју за бТВ во пресрет на денешната официјална посета на владиниот тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски на Софија каде утре ќе се одржи заедничка седница на владите на двете земји.

Османи, во интервјуто оценува дека е одлична порака што на првиот работен ден на новата македонска Влада првата посета ја оствари бугарскиот премиер Кирил Петков, бидејќи тоа носи и симболика и суштина.

– Симболиката е дека ние сме најблиски соседи, но суштината е дека во позитивна, конструктивна атмосфера, во атмосфера на лична доверба, создадена е платформа за продолжување на разговорите, објасни Османи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, во односите меѓу Софија и Скопје се очекуваат резултати и од двете страни.

– Патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде обврска само на Северна Македонија, рече Османи, додавајќи дека нашата обврска е до Крива Паланка и дека граничниот премин Клепало од македонска страна е завршен, а се очекува бугарската страна да го заврши својот дел.

Во однос на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, Османи посочи дека земјава досега смени двајца свои претставници во ова тело, додавајќи дека Бугарија не го променила својот состав. Тој вели дека Софија можеби би требало да го искористи ова наше искуство. – И двете држави имаат интерес комисијата да биде продуктивна, додаде шефот на дипломатијата.

Запрашан како гледа на вклучувањето на македонските Бугари како народ во Уставот на државата, министерот Османи вели дека не гледа ништо проблематично во вклучувањето на која било друга етничка заедница и во нејзино интегрирање, но и во покажувањето одговорност и лојалност кон државата. Тој како пример го наведе Рамковниот договор, кој им донесе придобивки не само на Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, а можно е, вели, и Бугарите да станат дел од него.

Во врска со испраќањето македонски амбасадор во Бугарија, министерот за надворешни работи рече дека планот е во првите недели од мандатот новата Влада да донесе одлука и да испрати амбасадор во Софија.

– Се уште немаме утврдено име, но имаме идеи и размислувања на темата, се надевам дека во наредните денови јас како министер ќе дадам предлог, додаде Османи.

Запрашан за „рехабилитација на македонските Бугари жртви од југословенскиот режим“, Османи вели дека во 2006 година Собранието усвои Декларација со извинување до семејствата на жртвите од комунизмот. Тој рече дека Скопје сега е подготвено да ги реализира

практичните аспекти на Декларацијата, како пристап до архивите и потоа отворање поединечни случаи, се додека има потреба да се разговара за нив, па дури и да се процесуираат доколку постои законска можност за тоа.

Според Бујар Османи, целта е да се спречи ова прашање да стане мит и да не се користи во ничија политичка агенда.

– Не мислам дека македонското општество бега од прашањето и ние сме подготвени да го започнеме овој процес, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервјуто за бТВ.

извор: МИА

Next Post

Рама: Да му дадеме на народот нормален човек за претседател

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk