ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Прославата на Националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото во нашата земја што го градиме низ вековите

January 27, 2022 21:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се обрати на свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Северна Македонија.

На свеченоста на која присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието на Северна Македонија, господин Иван Стоиљковиќ, пратеникот во Собранието на Северна Македонија Мирослав Јовановиќ, министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, и претседателката на Националниот совет на Србите во Северна Македонија и претседателка на организациониот одбор за одбележување на националниот ден на Србите во Република Северна Македонија, госпоѓа Гордана Јовиќ Стојковска, претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски им го честиташе празникот Национален ден на Србите во нашата земја кој секогаш се слави на денот на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.

Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„Ми претставува особена чест што имам можност од оваа свечена академија да го честитам Националниот ден на Србите во нашата земја.

Овој ден е посветен на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.

Најсрдечни честитки по повод празникот им упатувам и на нашите ценети гости од Република Србија и Република Српска и на граѓаните што тие ги претставуваат.

Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи.

Неговите лик и дело инспирираат и осум века после неговата смрт.

Неговата саможртва да се откаже од земските блага и да го прифати православното христијанство како негов личен живот, направија Свети Сава да им припаѓа на сите Христијани, без разлика на тоа во кои државни граници живеат.

Затоа кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба. Определбата на граѓаните на Република Северна Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите.
Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја.

Признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво.

Во тоа наше заедништво што го градиме низ вековите и што го негуваме денеска, свој значаен придонес има и српската заедница во Северна Македонија.

Многу е значајно што тој придонес се прави по углед на големиот светител Свети Сава.

Од неговата посветеност и подвиг, се родиле и неговите бележити и вековити остварувања во државничките и правните работи, во дипломатијата. Неговото наследство во образованието и во медицината.

Бесмртно е делото на духовникот и светителот Свети Сава. Тој е темелот на кој се издига традицијата, културата и вредностите на српскиот народ кој го прифати и слави како духовен родител.

Уште еднаш најсрдечно упатувам честитки по повод националниот ден на Србите во Република Северна Македонија.

Нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден.“

Next Post

Калеска-Ванчева за „Вин Вин“: Со аргументите за укинување на Пржинската влада се докажува дека институциите не се заробени, дека имаме фер и слободни избори

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk