Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Не знам дали сте знаеле, почитувани пријатели, дека и најлошите луѓе се зачнуваат од најдобрите сперматозоиди. Таква е биологијата на човекот. Ретко, многу ретко, се случува најлошиот сперматозоид да дојде на ред да ја оплоди јајцеклетката. Така бива во деновите на овулацијата во кои јајцеклетката, од солидарност или од некои други таинствени причини, почнува да се однесува како кучка која ги елиминира супериорните и решава да му даде на најслабиот пес. Во такви случаи се зачнува кикиленце кое потоа во текот на животот дополнително се деформира во битие кое во науката е познато под името cicifricus frfliakus mentalis.
Латински назив за говно.
Добри се за одбранбената моќ на нацијата затоа што ѝ сугерираат на Русија дека нема потреба да ја окупира земјата во која живеат Кикифрики и Бачев. Хер Флик и Жмицко. Односно вмро. И Милчин. Во соживот со три автобуси чипирани идиоти маскирани во новинари.
Сите патриоти.
Но, и ако се случи некој да ја нападне Македонија, тие се исклучително важни ориентири затоа што му покажуваат на нормалниот човек дека најпаметно ќе направи ако отиде во редовите на напаѓачите. Како што ненормалните одат во екипата на внатрешните агресори. Секоја здраворазумност нема да може да не види дека животот без Македонија е спасение во однос на животот во Македонија полна со свежи идиоти и презреани тепешвлади и кикифрикади. Во бозата што историјата ја произвела од нацијата која не можела да поднесе да не биде негирана.
Да не би бранителите да ги остави без работа.
Никаква историја нема да ти ја замени личната свест, зрелоста, длабочината, ништо нема да те ослободи од гревот на самиот себе, ако си лично важен, тогаш твоето сведоштво за животот ќе биде важно, но никаква историска преса нема да исцеди важни зборови од незрели луѓе.
Му пишувал Гомбрович на Милош пред седумдесетина години.
Што може и најсилната преса да исцеди од сувата дреновина на македонскиот патриот?
Кој освен патриот не е ништо друго.
Од Кикифрики или од Христијан.
Па и од Милчин.
Кој мисли дека животот е театарска претстава која се одвива под командата на неговата режисерска замисла.
Или посматрачка импресија.
Или морална позиција.
Од Коцарев и од Женскиот оркестар на македонските опери.
И балети.
Каков сок може да се исцеди од овој духовен стиропор?
Колку гигамегатони треба да е тежок Фрчко за да исцеди некоја капка значење и смисла од Геро?
Има ли Македонија супстанца?
Која пулсира и емитира други значења.
Нешто што не е плачипичестиот рефрен за националните интереси, за предавниците и за патриотите кои нема да ги дадат.
Ами ќе ги чуваат како домашни миленичиња.
И секое утро ќе ги изведуваат по голема и мала нужда.
Националните интереси, не кучињата.
Основите за едно такво Гомбровичевско предупредување, во Македонија се кренати на квадрат. Кај нас доминира одбраната на Македонија како форма. И тоа како форма на нашето ропство, а не на вистинскиот живот, односно тука животот не се разбира во својата единствена релевантност и смисла, то ест како борба со формата, туку како уживање во формата.
Како во џакузи.
Главите на бранителите се тикви родени на нивата на македонската еманципација и афирмација. Кои сега светат во мракот и служат за плашење на внатрешните и надворешните непријатели.
Кикифрики е страшна тиква.
Нивното обожување на Македонија и особено на македонската празнотија, е паланечко, води во нарушување на пропорциите меѓу нас и светот (или стварноста), начичкано е со комплекси и раѓа глупости (Гомбрович).
Тие се глисти кои Македонија ја доживуваат како септичка јама.
Односно како совршен екосистем.
И на секој гол газ гледаат како што малите птички гледаат на клунот на родителот од чии повраќаници чекаат храна.
И, второ, за да може таа окостена форма да биде одбранета, внатрешно се разорува и државата и општеството од страна на таканаречените патриоти, со сите сили, а најмногу со силите на раширената глупост.
На хистеријата, очајот и огорченоста.
Споменатите говњари се имаат умислено дека се македонски ромели кои ја подготвуваат и командуваат одбраната од инвазијата на новото. Кое во нивната доктрина е синоним за загрозата и злото. Така го спречуваат исчекорот во новата димензија, во новото време. Така се спречува исполнувањето и легитимацијата на Македонија со реална супстанца осветена не од светиот дух, туку од духот на времето и на животот. Со други зборови, нивната борба за Македонија е борба за нејзината и за нашата смрт. Јас се надевам дека и тие и нивната одбрана ќе ја доживеат судбината на вистинскиот фелдмаршал и дека ќе бидат смачкани од Денот Д.
Ако сме спремни да оставиме и по некоја жртва на нашата плажа Омаха.
Завчера ги прашав пријателите дали знаат зошто Македонците нема да успеат да ја уништат Македонија. И покрај натчовечките напори што ги вложуваат во остварувањето на таа мисија?
Затоа што никогаш во ништо не успеваат, тоа беше мојот одговор.
Хахаха!
Работата, значи, не е во тоа да ја гледаме нашата вредност во тоа што сме, туку во тоа што сме способни да го надминеме.
Да го надминеме нашиот сегашен облик.
Мораме да се извлечеме од реката на самопретставите и да го почувствуваме тлото на реалноста под нозете.
На сон ми се јави Македонија, беше дошла жената да ме праша – „уште колку ми даваш?“
Јас, навален во фотелјата, си ја тресам пршата од белиот докторски мантил и ѝ викам:
-Уште малку, госпоѓо, уште малку… ако не се вакцинирате од ВЛАД 22 и од Делтагеромикрон и гамавморон, ако се пелцувате, имате шанси да живеете до крајот на светот, што ќе правите?
-Ќе видам – ми рече и замина.
-Види – си реков – ама побрзај, не се влечи, глупачо!
Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.