ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Владата двапати ја зголеми минималната плата, и повторно ќе расте – тоа не е иницијатива на синдикатите, туку на Владата

Оваа влада во два наврати ја зголеми минималната плата. Така што платата ќе расте и тоа не е иницијатива на синдикатите туку на Владата и тоа стои во изборната програма на СДСМ од 2016 година и тоа е постигнување на влдата.И оваа влада сега останува посветана платата да расте и понатаму, рече Деспотовски.

February 3, 2022 11:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дирекцијата за ТИРЗ не учествува директно во дискусијата за минималната плата, но компаниите во Зоните се засегнати особено што поголемиот број од нив исплаќаат минимални плати на работниците.

-Ние укажавме дека е неприфатливо да се одржуваат ниски плати бидејќи тие компании доаѓаат со поддршка од државата. Ние на новите компании што доаѓаат им велиме дека мора да обезбедат добра плата за вработените. Платата мора да расте и оваа Влада двапати ја зголеми минималната плата. Ова не е поради барање на ССМ туку е во програмата на Владата платата да расте. Но треба да имаме предвид дека имаме и домашни компании кои се соочија со кризата. Прашање е колку компаниите можат да го издржат тоа. Мора економски да растат и зајакнуваат компаниите па да растат и платите, вели Јован Деспотовски, директор на Дирекција за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) во Утрински брифинг.

Извозот во јануари е за 7,5 отсто пораснат во однос на декември, а бројот на вработувањата е зголемен за 1,5 отсто.

Инсистираме на делот на платите затоа што компаниите инвестираат во опрема која е нивна, но нашиот интерес се вработувањата, даноците, придонесите што тие компании ги плаќаат, вели Деспотовски. Тој додава дека многу малку има соработка на големите странски инвеститори и локалните компании и дека тоа е затекната состојба.

-Освен сегментот на услугите како кетерингот, мала е соработката. Интервениравме во законот да се засили таа соработка од страна на странските инвеститори но свесни сме дека и нашите комппании не се подготвени за тоа па ќе интервенираме и во тој дел, вели Деспотовски.

Ние сакаме како држава да се прошират дејностите во ТИРЗ, оти сега се главно компании поврзани со автомобилската индустрија, а ние сфативме за време на оваа криза дека на тој начин сме изложени на голем ризик, коментира Деспотовски и додава дека сега се планира концепт за поттикнување на домашни компании кои се занимаваат со ИТ технологија да отвораат капацитетите во постојните зони, вели Деспотовски.

Деспотовски во „Утрински Брифинг“ потенцираше дека досегашното зголемување на платата е резултат од заложбата и одлуката на Влада, а не на синдикатите.

– Оваа влада во два наврати ја зголеми минималната плата. Така што платата ќе расте и тоа не е иницијатива на синдикатите туку на Владата и тоа стои во изборната програма на СДСМ од 2016 година и тоа е постигнување на влдата.И оваа влада сега останува посветана платата да расте и понатаму, рече Деспотовски.

Next Post

Наутро студено, преку ден за викендот до 13 степени

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk