ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Во интерес на сите пензионери ќе го промениме системот на усогласување на пензиите

February 7, 2022 15:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во денешното интервју на ТВ 24 рече дека подобрувањето на квалитетот на живот на пензионерите е врвен приоритет и затоа зголемувањето на пензиите е дел од новата владина програма 2022-2024.

„Наша цел е во првиот квартал од годината да отвориме експертската дебата за промена на системот за усогласување на пензиите соодветен за сите пензионери на која ќе ги слушнеме и предлозите на Здружението на пензионери. Јануарската пензија нашите пензионери ја добија со 2,9% зголемување, односно просечната пензија се зголеми за околу 500 денари, од 15.876 денари , сега во моментот изнесува 16.336 денари. Следното усогласување кое ќе зависи од стапката на индексот на порастот на трошоците на живот ќе го имаме со исплатата на јулските пензии. Работиме и на проекции за дополнително покачување на пензиите,  за да го подобриме квалитетот на пензионерскиот живот на 329.000 пензионери“, рече министерката Тренчевска.

Министерката Тренчевска во интервјуто потенцираше дека пензискиот систем е  ефикасен и стабилен.

„Главен извор за финансирање на Пензискиот фонд е приливот од придонесите, што значи дека зголемувањето од  6,3%, минатата година, во однос на претходната година навистина укажува дека имаме стабилен пензиски систем кој се полни од придонеси. Најважно е што трансферот од централниот буџет кон Фондот,секоја година се намалува, што исто така укажува дека имаме стабилен пензиски систем, бидејќи Фондот сам генерира приходи. Тоа пак, значи дека се отвораат нови работни места за кој се плаќаат придонеси, и на тој начин се полни пензискиот фонд“, рече Тренчевска.

Од буџет на Министерството кој изнесува 50, 6 милјарди денари за 2022 година, се одвојуваат пари за пензии, социјални надоместоци, права на социјална и детска заштита и за активните мерки за вработување.

Next Post

Белгија очекува олабавување на анти-ковид мерките од идната недела

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk