„Денеска заедно со амбасадорот на ЕУ во МК, Н. Е. Дејвид Гир, го означивме завршувањето на проектот ,,Понатамошна надградба на ТЕТРА системот (ТЕТРА 4)“, финансиран со средства од националната ИПА програма за 2016 година, како четврта и последна фаза од овој голем проект“, објави на Фејсбук Спасовски.
TETРA е дигитален европски стандард за мобилно радио, развиен за да ги задоволи потребите на традиционалните организации на корисници на професионалното мобилно радио, како што се: државните институции, службите за итни интервенции (полиција, противпожарни служби, брза помош) за мрежи за јавната безбедност, транспортните услуги и армијата.
Исто така напиша дека во ТЕТРА системот претставува единствен дигитален радио-комуникациски систем за јавната безбедност на национално ниво, кој го користат припадниците на МВР, но и на други институции, а со цел заедничка меѓусебна комуникација и подобра координација при извршување на своите задачи и подобрување на безбедноста на граѓаните. Во моментот ТЕТРА мрежата се состои од 106 базни станици, инсталирани на високи и доминантни локации на територијата на целата држава, а во рамки на проектот обезбедени се 40 комплети составени од: кациги, аудио сетови и ТЕТРА терминали за корисниците од Моторната единица во Министерството.
„Овој систем претставува голема инвестиција, која значително ќе ја зголеми ефикасноста на полицијата, ќе воведе нови стандарди во полициското постапување и е од исклучително значање за самите полициски службеници кои на терен добиваат софистицирана, доверлива и безбедна комуникација. И конечно, со имплементацијата на овој проект нашата полиција достигнува исто ниво со полициите на земјите членки на Европската Унија во однос на европските телекомуникациски стандарди“, напиша министерот Спасовски.





