ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бислимовски: РКЕ ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор

February 8, 2022 14:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на следната недела ќе објавиме предлог како да им се помогне на компаниите кои се на слободен пазар, а имаат потешкотии во набавка на електрична енергија, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања на која втор ден се разгледува Финансискиот извештај на РКЕ за 2022 година.

-Намалувањето на ДДВ-то, проширувањето на листата на ранливи категории се дел од иницијативите кои се реализраа со цел заштита на домаќинставата и да им се помогне на оние кои што најмногу им е потребно. РКЕ беше и ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор. Со последната одлука ги тргнавме повластените производители на обновливи извори на енергија да не бидат на товар на домаќинставата во сметките и загарантиравме целосна енергија само од ЕСМ од 41 цена од евро за мегават час, додека на слободниот пазар е во просек 250 евра. Паралелно токму овие повластени производители ги ставивме на слободниот пазарот и ослободивме околу 237 гигават часови електрична енергија кон стопанството со што се направи заштеда oд околу 36 милиони евра, рече Бислимоски.

Во Предлог – финансискиот план на РКЕ за 2022 година ставката приходи и расходи е проектирана на околу 91,7 милиони денари, додека предлогот за процентот на зафаќање од енергетските компании за финансирање на работата на РКЕ е 0,0522 отсто и е помал од законски утврдениот максимум од 0,1 проценти.

Членовите на Комисијата од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа на зголемена ставка за интелектуални и другу услуги во Предлог-финансискиот план на РКЕ, која е зголемена за 17,34 отсто на што Бислимоски појасни дека се коростат консултантски услуги од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и од Машинскиот факултет од Скопје.

-Станува збор за најреномирани образовни институции кои се користат за советодавни, технички и стручни консултации од областите кои се регулираат се со цел да има поквалитени решенија, а во дел од тимовите се и лица кои се советници во ВМРО-ДПМНЕ и во нивните комисии. Ние немаме комплекс, сакаме со сите стручни лица да дискутираме се цел да изнајдеме најдобри решенија за граѓаните, потенцира Бислимоски.

Next Post

Николовски: Се зголемува кофинансирањето за „зелена нафта“

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk