ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Минимална плата од 18.000 денари, поддршка и за работниците и за компаниите

February 8, 2022 23:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемувањето на минималната плата треба да се гледа во рамки на пошироката економска политика која што се води во изминатите години, а тоа е дека не само што се поддржува растот на минималната плата, која што сега е дупло поголема од пред 4 години, туку оди заедно со константната поддршка на работодавците и на компаниите, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Алсат-М.

„Јас секогаш сум бил застапник на ставот дека трудот на работниците треба да се вреднува и дека минималната плата е нешто што треба да биде над прагот на сиромаштијата. За споредба дека пред доаѓањето на оваа Владата на коалицијата предводена од СДСМ, Северна Македонија беше препознаена како рај за евтина работна сила и тука доаѓаа инвеститори на кои што им се нудеа вработени од 9.000 денари за тоа сите сме свесни. Во тоа време требаше 4 минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, денес после 100% зголемување на минималната плата и со историски најмал број на невработени лица од 15,7%, потрошувачката кошница се покрива со 2 минимални плати“, нагласи премиерот Ковачевски.

Ковачевски уште додаде дека не треба да се заборави дека компаниите во државата се поддржани за околу 130.000 работни места со субвенционирање на придонесите за секое зголемување на платата на работниците.

Значајно е и тоа, рече премиерот, што за разлика од порано кога одлуките за минимална плата и за други одлуки во сферата на социјалната сфера се носеа со одлука на Влада без никаков дијалог, денес овие важни решенија се носат низ социјален дијалог со рамноправно учество на Владата, синдикатите и организацијата на работодавачите.

Растот на минималната плата, рече Ковачевски за ТВ Алсат-М, позитивно ќе влијае и на растот на просечната плата која е поттикната и од историски најголемиот раст на платите во здравството, образованието, и во другите јавни дејности.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Алсат-М истакна дека Владата ги презеде сите неопходни чекори уште на почетокот на енергетската криза за да се ублажат ценовните шокови за граѓаните и стопанството.

„Го намаливме ДДВ-то за резиденцијалните потрошувачи, односно за домаќинствата и за малите потрошувачи од 18 на 5% бидејќи го предвидовме ова што се случува. Издвоивме финансиски средства во буџетот во значителен износ со цел да можеме да извршиме субвенционирање на трошоците за електрична енергија која што граѓаните ја плаќаат, за да не се случи ценовен шок за граѓаните и тоа не се случи бидејќи има држави каде што за 50-60% е покачена цената на струјата“, рече претседателот на Владата Ковачевски во телевизиското интервју, и дополни дека од оваа перспектива со мерките што се преземаат континуирано сѐ уште се држиме до основното сценарио во однос на цената на електричната енергија.

Премиерот Ковачевски посочи дека предвидувањата укажуваат дека кон средината на оваа година ценовниот притисок ќе се намали и дека ќе следува стабилизација на цените.

Next Post

Маските во училиштата и сертификатите засега остануваат, за прележаните се продолжуваат на 180 дена

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk