ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Зголемувањето на минималната плата системско и одржливо решение кое ќе влијае и на продуктивноста и на конкурентноста

February 10, 2022 11:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемувањето на минималната плата како мерка која е дел од владината програма, не значи само еднократен пораст на минималната плата, туку се предлага едно системско и одржливо решение понудено преку новата методологија.

-Зголемувањето на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 денари е еднократно зголемување на минималната плата со цел да се зголеми учеството на минималната во просечната плата. Но, она што е клучно е дека станува збор за системско решение преку новата методологија за усогласување на минимална плата  со 50 % од порастот на просечната плата и 50 % од процентот на индексот на живеење, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за „Агенда 35“ на МРТВ.

Тој истакна дека се очекува тоа давлијае на зголемување на продуктивноста, како и на конкурентноста на економија и дека ова е мерка која се надополнува на мерките што се преземаат за поддршка на стопанството и инвестициите, истражување и развој, зајакнување на човечкиот капитал и конкуреноста, а со тоа и на стапките на раст.

Во интервјуто потенцира дека годинава главни предизвици кои ќе влијаат на проекциите на раст се енергетската криза која почна во втората половина од минатата година, а особено во четвртиот квартал и цените на европските пазари што се отсликуваат и кај нас.

– Како и за време на пандемијата,  кога креиравме и реализиравме пакети за поддршка придонесувајќи падот на БДП да биде ублажен за 4,2 % во 2020 година, реагиравме проактивно и во однос на енергетската криза. За да нема застои и да се обезбеди редовно снабдување на електрична енергија и цената на регулираниот пазар да биде ублажена, во ноември и декември 2021 година се обезбедени 90 милиони евра и во текот на оваа година околу 80 милиони евра. Дополнително една од мерките беше и намалувањето на ДДВ за електрична енергија, потоа пониската цена која ја понуди ЕСМ од цената на чинење, за да нема поголем раст на цената на електричанта енергија кај домаќинствата. Друга мерка е и поддршката на ранливите категории кои добиваат поддршка за електрична енергија и опфаќа над 35000 домаќинства и 9000 пензионери, како и мерката за енергетска сиромаштија што се спроведува откако по прогласување на енергетската криза, потенцира министерот Бесими, додавајќи дека се мерки кои се преземени за да  може нашата економија да ја надмине состојбата со енергетската криза.

Порача дека во кризен период треба да се реагира веднаш и ургентно за да се спаси економијата и да се ублажат ефектите, а дека на среден рок се поставуваат темелите на фискалната одржливост.

Тоа го направивме во минатата година во Буџетот во 2021 година каде дадовме една петгодишна рамка. Буџетскиот дефицит од 8,2 % во 2020 година во 2021 година го намаливме на 5,4 %, а беше проектиран на 6,3 %.Оваа година имаме проекција на буџетскиот дефицит од 4,3 % и со проекција до 2026 година да се сведе на ниво од 2,2 %. Тоа значи дека помал буџетски дефицит со повисоки стапки на раст ќе придонесе кон намалување на јавниот долг. При тоа на среден рок проектиравме забрзување на економскиот раст. Ако во 2021 година очекувавме 4,1 % (или повеќе), во 2022 година проектираме раст од 4,6 % и истиот во наредните години да надмине 5 % на годишно ниво, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

 

Next Post

Судењето за „Топлик“ одложено за 16 февруари

НАЈНОВО

Украина заедно со САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи

November 13, 2025

„Зелено светло“ за измени на Законот за правата на помалите заедници – оди на пленарна седница

November 13, 2025

ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk