ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Нашите права не смеат да бидат табу тема“ – прв протестен марш посветен на самохраните мајки

February 12, 2022 13:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Животот на еден самохран родител во државата носи со себе огромни предизвици. Поради игнорантскиот однос од страна на државата, сите политички гарнитури од последната деценија и системски промени за целната група самохрани и еднородителски семејства, утре првпат во државата ќе се организира протестен марш посветен на самохраните мајки, гневни од условите што ги нуди општеството, најавуваат од организацијата „Една може“.

Во разговор за МИА, Дороти Пачкова, основач на „Една може“, организација којашто се бори за правата и подобрување на условите за живот за самохраните мајки, вели дека е потребно државата да им обезбеди директно учество во креирање на родови политики кои ги засегаат нив.

– Бараме соодветни инклузивни дефиниции, бараме државен архив, бараме статусни мерки, бараме можности за интеграција на пазарот на трудот, бараме мерки за баланс на приватниот и професионалниот живот, бараме посебна заштита на правата на нашите деца, бараме специјален дневен центар за самохраност и еднородителство каде ќе се решаваат сите предизвици од различни нивоа, појаснува Пачкова.

„Една може“ со барања до неколку институции во пресрет на утрешниот марш 

Од Министерството за труд и социјална политика организацијата бара да се дефинираат термините самохран родител и еднородителско семејство во соодветните закони, како што велат, на соодветен, инклузивен начин. Исто така, да се допрецизираат постојните права и нивно реформулирање со законски и подзаконски акти, како и посебни специфични мерки за различни контексти на еднородителски семејства и на самохрани мајки. Да се помогне на самохраните мајки и за решавање на нивното станбено прашање, преку давање социјални станови или преку станбени кредити без камата и без учество, како и да се создадат механизми за квалитетно вработување.

Во барањата до Министерството за образование, како што наведуваат, како основоположници за еднаквост кон идните генерации, бараат да се зголеми бројот на стручни работници-родови експерти во надлежните државни институции, вбројувајќи ги и образовните институции, со цел поквалитетно спроведување на програмите за работа со жени-самохрани мајки и деца од семејства во социјален ризик. Воедно, да се обезбедат стипендии за децата од еднородителски семејства за формално образование, неформално образование, курсеви за странски јазици, спортски активности, обуки, тренинзи, екскурзии и слично. Неопходно е, според „Една може“ и обезбедување државна финансиска поддршка на иницијативите и програмите за работа на граѓанските организации и насочување и едукација на жените кон високотехнолошките струки, како и бесплатни државни згрижувачки и образовни институции за самохраните мајки.

Барањата до Агенцијата за вработување, според нив, како едни од клучните чинители на патот кон економска слобода на жените-самохрани мајки, се сензибилизирање на работното законодавство во однос на потребите и можностите на самохраните родители за усогласување на семејниот и на професионалниот живот, кампањи за дестереотипизација на работните места, мерки за намалување на родовиот јаз во платите, воведување на родово сензитивно буџетирање при подготовка на државниот буџет.

Ова се само дел од барањата, што, како што велат, доколку се исполнат, ќе им овозможат нормално функционирање и еднаквост во општеството на самохраните мајки.

Извор: МИА

 

Next Post

Кавани има намера кариерата да ја продолжи во шампионатот на Шпанија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk