Признанието на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Титаник“ е признание за криминал, признание дека ВМРО-ДПМНЕ ја газеше изборната волја на граѓаните и сите изборни процеси организирани од нив се нелегитимни, пишува во соопштението на СДСМ.
Мицкоски е поранешен генерален секретар и советник на Никола Груевски, исто така обвинет во „Титаник“ а негови најблиски соработници и денеска се лица обвинети во судски предмети, како Антонијо Милошоски и Игор Јанушев, пишува во партиското соопштение.
Христијан Мицкоски да не се крие зад празни партиски соопштенија, туку веднаш да си даде оставка. Оставки треба да поднесат сите обвинети во предмети, како и цел ИК на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.






