ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илјадници професори и ученици штрајкуваа и протестираа во Брисел

February 12, 2022 18:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 10.000 наставници, професори, ученици, административен и технички персонал излегоа денеска на улиците во Брисел во знак на протест против условите во франкофонското образование во Белгија, јави дописничката на МИА од Брисел.

 Повикот за штрајк и протести во франкофонското образование наиде на огромна поддршка и покрај лошите временски услови. Десет илјади демонстранти според организаторите, седум илјади според полицијата, излегоа на улица да го искажат својот гнев поради антиковид мерките во училиштата, условите за работа за вработените и реформите во образованието.

На наставниците пред Министерството за образование им се придружија и самите ученици, како и административниот и техничкиот кадар од училиштата. Истовремено денеска беше прогласен штрајк на заеднички повик на сите синдикати во земјата.

Гневот во образованието во франкофонскиот дел од Белгија тлее со години, но постојаните промени на мерките против Ковид-19 ја прелеаја чашата. Наставниците се жалат дека политичарите ги нарекуваат “суштински“ сегмент на општеството, без притоа да ги конкретизираат тие изјави со мерки и поддршка.

На транспарентите на протестот учениците и наставниците пишуваа меѓу другото “помалку презир, повеќе средства“, “што е многу, многу е“, “образованието не е претпријатие“, искажувајќи го револтот од владините реформи за кои синдикатите велат дека имаат за цел да направат од образовните установи конкурентни фирми и со тоа го доведуваат во опасност неговиот квалитет и иднината на општеството.

На уличката пред Министерството за образование во Брисел немаше доволно место да ги собере сите демонстранти.

Министерката за образование, Каролин Дезир, прими синдикална делегација на средба за време на протестот, но наставниците оттаму излегоа разочарани. Министерката прифати неколку ситни отстапки, но призна пред медиумите дека не се разбираат со наставниците. Таа додаде дека целосно ги почитува наставниците и дека е многу чувствителна на нивните сведоштва.

-Никогаш не сум покажала презир кон нив и тврдам дека секогаш сум била благодарна за нивната работа, изјави министерката. 

Извор: МИА

Next Post

Во Скопје 85 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk