ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Македонските државјани да се вратат во земјава, нашите дипломати и набљудувачи на ОБСЕ засега ќе останат во Укарина

February 13, 2022 13:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бујар Османи. Фото: скриншот

Бујар Османи. Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Околу сто македонски државјани има во Украина во моментов, а Министерството за надворешни работи има неколку планови за различни активности и за различни сценарија кои би можело да се одвиваат во наредниот период во таа земја, рече министерот Бујар Османи денеска на брифинг за актуелните случлувања.

Има четири категории наши државјани во Украина – во првата категорија се амбасадорот и уште еден дипломат во нашата амбасада во Киев и нивните семејства. Бидејќи тие се суштествен персонал за нашата Амбасада и засега нема одлука таа да се затвори, рече Османи, дипломатите ќе останат во Украина додека не биде донесена поинаква одлука, но  одлучено е нивните семејства да се вратат во Скопје  на почетокот од нареднава седмица.

МНР  е во договор со Бугарија  и доколку се појави потреба за повлекување на двајцата дипломати, има целосно утврден аранжман како тоа ќе се организира.

Одлучено е засега во Украина да останат и околу 30 набљудувачи од Севрна Македонија во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се втората категорија наши државјани во мапирањето на МНР.

-Набљудувачката мисија на ОБСЕ е важна за следење на настаните во Украина и затоа засега се уште немаме одлука да ги повелечеме нашите набљудувачи, но сме во блиска координација со другите земји учеснички, со Секретаријатот на ОБСЕ во Виена и ќе одлучиме кога ќе процениме. Засега само САД имаат одлука да ги повчлечат своите набљудувачи во рамки на оваа мисија на ОБСЕ, но не и други земји, рече шефот на дипломатијата.

Во третата категроија се околу 40 наши државјани кои од различни причини се наоѓаат во Украија и 30-ина членови на нивните семејства, со тоа што членовите на семејствата повеќето се украински државјани.

-За нашите државјани ќе го повторам апелот од пред два дена – да ја искористат можноста за комерцијални летови за да ја напуштат државата и да се вратат во Северна Макеоднија.  Јавниот повик до државјаните на Северна Македонија коишто се наоѓаат во Украина да ја напуштат земјата беше првиот од нашите планови, рече Османи, додавајќи дека дел од плановите почнуваат да се реализираат врз основа на блиска комуникација што МНР оваа недела ја имало со сојузниците.

-Разменувајќи информации, некако стана се поизвесно дека е можна ескалација односно руска инвазија во Украина и затоа почнаа да се реализираат дел од плановите коишто беа подготвени за различните сценарија. Не сакаме да внесеме незивесност и страв во однос на мерките што ги преземаме за Украина, целосно сме во координација со нашите сојузници, и во рамки на НАТО, и во ЕУ, и сето тоа го правиме врз основа на плановите и информациите што ги имаме, рече Османи, додавајќи дека МНР продолжува  одблиску да ја следи состојбата и дека НАТО  бара дипломатско решение за да се спречи деескалација на тензиите.

Извор: МИА

Next Post

СДСМ: 100 дена катастрофално владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, нивните градоначалници се најнеуспешните градоначалници

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk