пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Ако у почетокот, Бранко и негоите направија газди од директорите, ако затвори еден куп фирми у кои работева иљадници души, живеева цели фамилии со една плата, ако ги остаи сите имоти на стечајните управители и све што вредеше почнаа да го купуат богатите, оние што прво станаа газди на имоти и фабрики на државата, ил ко поранешни претставници на Технометал се вратија овде ко миљонери, и кога све тоа народот го лапна како поп сарма, онака, тивко шепотејќи у себе, као судбината демек така рекла да биде, па од година у година стануева све посиромашни и победни и од таму гледава како овие стануат све побогати, а оние у собрание се пунат со пари и урлаат од говорница како мамето мамино ќе му го расплачат на октоподот, кога од наставници по географија праева градоначалници миљонери, кога поранешни продавачи на семки и оранжади, го сечеа Водно кај Теферич да напраат хациенди, кога од ситни трговци стануева бизнисмени, а од апла неписмени, високи функционери, уште тогаш, Боки, више беше доцна да се дигне тупаница и да им се тргне у груди за да им се каже, “доста е, бре, алоо! Од кого праите будали?!“…
После Бранко, уште еден крив темељ, постави Љубчо. У еден мандат на премиерска позиција чоекот за кој ние чаирчани викавме, “беше чоек мрсуљ да не фрлиш на него“, стана просечно богат бизнисмен, миљонер, што у тоа време се проценуеше на дветри стотини миљони марки, и људито све тоа, па го прифатија ко судбина, дека све поише зависат од тоа што ќе им падне од џебоите на овие арамииве, и да се осеќаат среќни што, ете, преживуат некако од први до петнајсти у месецот. Битно им беше дека тие го познаваат премиерот, ги знаат министрите и директорите на државните фирми, дека им се другари од маало, дека тие гласале за нив, па можда ќе успеат преку врски и тие да се бутнат некаде ко чистачи, стражари ил шофери у градска чисточа, ама да бидат сос нив. У тоа време кога апла се виде дека сасвим е довољно да си неколку години директор на ЕСМ, на УЈП, ил оној на тогашна Царина, чиј татко адвокат арамбаша ем пратеник излага на говорница да каже дека располага со миљони марки уштеѓевина, и дека свите му се чисти ко суза, затоа што и пред тоа бил богат, ни тогаш на јаднициве не им се бистреше поглед. Чак и после оноа кога шофер купуеше банка у Скопје со парите од тетка му од Америка, кога телохранитељи станава скупи коњушари у чија ергела еден коњ вреди миљон, а знаеш дека до чера сите биле обични клошари, дека сите биле исто ко ја и ти, и бетер, ама сега, пошто се уштекале у транзициска власт, после само еден мандат ко секретарка, саветник ил шофер, иди стигни ги да те видам. Иди прескокни им онолкаи ѕидои со камери на секое ќуше и пресметај се со сурија чувари натртени у г’зоите напрчени со мевоите, а на вратоите обесени златни сионџири ко учкур на клозетско казанче, со празни черепи врз нив, да му се приближиш, да му речеш здраво комишја, како си, шо праиш, ко некад, а камо ли да му побараш помош. Абе ај…
Врз овие два криви темеља, Грујо постави уште еден. Ај што беше крив темељот, беше импозантен, онолкав. Свите знаевме дека државата се пљачка на сите ќушиња, дека после овој темељ тешко дека некој ќе ги испраи ѕидоите, дека ќе ги сруши претходните и ќе напраи нови за да напраи права држава. Не бе чоек. Се деси уште полошо. Остај што се деси најголемата пљачка, Грујо закачи уште една крива маркица врз најкривиот темељ на Македонија. Ја убеди простата и осиромашена маса дека тие се патриоти а свите други кои знаеја да се побунат, онака, спорадично, против него, ги прогласи за предавници. Пази, и едниве и другиве се борат за живот, ама ги скара по сите основи, бе, чоек. Тоа што у негово време се украдоа миљарди евра, можда и не е толку голема штета, можда нешто ќе се врати, ама, политиката со која успеа да скара татко со син, брат со сестра, да раздвои муж од жена, верник од свештеник, внук од дедо, комити од чкембари, кога и спорт и песми бева селектирани според негова политичка желба, кога окупираше плоштади да пречекуе индиски преваранти со стриптизети, а на хунски цареви им постилаше црвени килими на Петровец, кога употребуеше оскплозив да сруши конкуренција, све сиба мамата. Е сеа…
Кога Заев распука со бомбите, немаше чоек у кое било маало у Македонија, и не само у неа, немаше бе чоек у цел свет, што апла моеше да се напраи и ќор и глув за да закључи со какви ѓаоли сме саделе крстаици. Тука се стегна тупаницата и сите људи у државава застанава со него. И што? Ништо. Кога тамам помисливме дека еве, дојде време да се стави правиот темељ на правдата, кога сите, и стари и млади, и глуви и ќорави, и сакати, излеговме да даеме подршка за да се врати правдата у државата, сос неа и животот, наместо у нутра, ние почнавме да ги бараме интересите надвор од државава. Ајдуците на Грујо ова одма го намирисаа и направија све, за да го расшалуваат темељто на правдата. И не само што го расшалуваа, абе го збришаа ко уопште да не постоел. Еве, дури и сеа, после оноа некнашно признание на вина на врвното руководство на најајдучката партија ДПМНЕ пред судот, и со јавно извинување према људите у Македонија, мие не сме спремни да дигнеме тупаница и да застанеме пред онаа нивната шампита, и све што мрда у нутра, не да го утепаме, туку да го фатиме за уши, и со клоци и заушки да ги предаеме на аргатска работа на Криволак. Нек садат маслинки, нек одгледуат мандарини, само крставици не. Ај што ќе бидат најскупи и криви, ама тикви ќе ни родат плодните полиња. Затоа, овој задњиов премиер, Ковачевски, мора да ја прегне правата ергела у “колата“ Македонија, да ги затегне дизгините до крај и да мавне со камшикот за да се врати правдата овде, у нутра, у Македонија, да се вратат даските и арматурите за да се исшалува темељот врз кој ќе напраиме држава, а не да продужиме да живееме у балканска колиба у која никој не ѕирнуе, а камо ли да уложи нешто у неа. Правиот темељ се вика правда, и тој се поставуе овде, не у Бугарија не у ЕУ, овде бе, Боки, у Македонија. И сасвим на крај, признанието на врвното руководство на Груевски дека краделе избори, е првиот и правиот ашов у облик на моќен катерпилар со кој треба и мора да се откопа од корен ВМРО-ДПМНЕ, за да никад више не се појави на кое било поле у државава. Нема поголема казна од самопризнанието, и нема поголем успех за кој било обвинител, кога обвинетите ќе речат “признавам вина, се извинувам!“ Оние за кои до чера мислевме дека никој ништо не им може, дека се патриоти, дознавме дека уствари под нивните кожи се криеле гмизавци, апаши и кукавици…
Вака да пишеш Боки, вака вика чичко Ангеле од Чаир…
Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.