ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи-Викерс: Со Спогодба за партнерство, трговија и соработка се потврдува заедничкиот политичко економски интерес и поддршка

February 16, 2022 11:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со специјалниот претставник на Премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс. На средбата Министерот Османи ја поздрави континуираната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја и главен странски инвеститор, а исто така е една од првите држави која низ долги децении инвестира во зголемување на безбедноста и политичката стабилност во овој дел од Балканот, информираат од Министерството за надворешни работи.

Османи се осврна на исклучителната соработка на економски план помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија,додека личната заложба на Викерс преку неговиот ангажман и посети кои ги реализира во регионот, ќе бидат движечката сила за понатамошното продлабочување на соработката помеѓу двете земји во насока на унапредување на големи проекти не само во Северна Македонија туку и во регионот како што е патната и железничкото поврзување, потоа проекти за обновлива енергија, потенцирајќи го значењето на зелената агенда во билатералната соработка го потенцираше интересот за инвестирање во полето на менаџирањето на отпадот и на отпадните води.

Воедно Министерот Османи предложи двете страни да усогласат Акционен план за дејствување за 2022 година и понатаму, кој ќе служи како рамка за практично спроведување на сите наведени проекти. Во духот на соработката на економски план беше истакнато значењето на новиот концепт на економска дипломатија која го спроведува МНР и беше упатена отворена покана за посета на ОК со цел размена на искуства на стручните тимови на двете Министерства во насока на отварање на нови пазари за македонските производи со акцент на земјите од Комонвелтот и Далечниот исток каде ОК има традиционални долгогодишни трговски врски.

Мартин Викерс, претставникот на Премиерот на Обединетото Кралство- Борис Џонсон, заблагодарувајќи се на одличната соработка, најави скорешна посета во своето второ својство како претседател на парламентарната група за пријателство меѓу двете земји во најскоро време при што го истакна значењето на развојот на парламентарната дипломатија. Воедно повтори дека влезот на британски “know how” и компании кои имат искуство во енергетиката, инфраструктурата, смарт концептите за развој, железницата и други големи области од витално значење за нас, но и за регионот, е мошне мотивирачка порака која би требало да даде силен импулс на Владите во регионот,да работат токму во изнаоѓање на најдобри решенија за своите идни капацитети.

На средбата се истакна и важноста на неодамна потпишаната Спогодба за партнерство, трговија и соработка,со што уште еднаш се потврдува заедничкиот политичко економски интерес и поддршка.

Next Post

Во Јапонија рекордна смртност на пациентите со Ковид-19

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk