ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ: Макроекономските показатели во согласност со очекувањата, состојбата треба будно да се следи

February 16, 2022 12:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Макроекономските показатели се во согласност со очекувањата, но состојбата треба будно да се следи поради неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата и актуелните геополитички тензии и нивните ефекти врз глобалниот раст на цените, смета Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Во денешното соопштение, Народната банка наведува дека ФЕД и ЕЦД како централни банки кои значително делуваат врз глобалните пазари, упатуваат на можно побрзо затегнување на глобалните финансиски услови од досега очекуваното.

– Народната банка, како и досега, и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите, ризиците и промените на глобалните услови и натаму е подготвена за соодветна реакција преку расположливиот инструментариум, се наведува во соопштението.

Основната каматна стапка засега останува на истото ниво од 1,25 проценти, а на аукцијата на благајнички записи е одлучено да бидат понудени благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

Девизните резерви, според проценките на Комитетот, се во сигурна зона, а остварувањата во јануари се во рамки на очекувањата за првиот квартал од годинава.

– Во однос на факторите коишто влијаат на девизните резерви, податоците за менувачкиот пазар за јануари 2022 година не отстапуваат значително од октомвриската проекција, а покажуваат понатамошен годишен раст на нето-откупот на девизи. Податоците за надворешно-трговската размена за четвртото тримесечје од 2021 година упатуваат на малку повисок остварен трговски дефицит во однос на очекувањата според октомвриската проекција, информира Народната банка. 

Во јануари е остварена годишна стапка на инфлација од 6,7 проценти, а забрзувањето е одраз на порастот на регулираните цени на енергенсите, како и на растот на дел од прехранбените производи.

-Остварената инфлација е над проекцијата, а очекувањата за идната динамика на увозните цени е коригирана во нагорна насока, со што ризиците за проекцијата на инфлацијата на краток рок се нагорни. Сепак, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на растот на овие цени во втората половина на годината и со тоа намалување на инфлациските притисоци. Неизвесноста поврзана со ценовните промени и понатаму е нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со развојот и справувањето со пандемијата и актуелните геополитички тензии, се вели во соопштението.

Во однос на движењата во реалната економија, во просек, во првите три квартали од минатата година, економијата бележи реален раст од 4,6 проценти, што е блиску до очекувањата на Народната банка од октомвриската проекција.

– Тековно расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал на 2021 година главно упатуваат на натамошен годишен раст на економската активност, но забавен во однос на претходните два квартала. Податоците за овој период покажуваат високи, но поумерени годишни стапки на раст кај прометот во вкупната трговија и угостителството и забавување на падот кај индустриското производство, а кај извршените градежни работи во периодот октомври ‒ ноември се забележува натамошен годишен пад, велат од Народната банка.

Според првичните податоци за јануари годинава, солидниот раст на депозитите и кредитите продолжува, но посилно во однос на проекциите за првиот квартал на 2022 година. /MИА/.

Next Post

Петровска: Северна Македонија бара да види вистинска деескалација на терен од страна на Русија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk