ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски-Руте: Првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе има позитивен импакт и за целиот регион

February 16, 2022 12:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Холандија Марк Руте, кој му го честиташе изборот за премиер и му посака успешно остварување на владината програма, информираат владините служби.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за посетата на холандскиот премиер во ноември минатата година и истакна дека таа посета дополнително ја интензивираше соработката меѓу Република Северна Македонија и Холандија, која е најголем билатерален донатор на нашата земја.

Посебна благодарност претседателот на Владата Ковачевски изрази за силната и континуирана поддршка на Холандија, и на премиерот Руте лично, во аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Премиерот Ковачевски го информираше неговиот колега Руте дека Северна Македонија продолжува со имплементацијата на европските стандарди во реформските процеси и за новата динамика во дијалогот и отворената комуникација со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков.

За време на телефонскиот разговор двајцата соговорници се согласија дека дијалогот Скопје – Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за отворените прашања за двете страни и дека тоа ќе ја забрза одлуката за одржување на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ од што се очекува позитивен импакт и за целиот регион на Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски информираше и за актуелните политички процеси дома, особено во делот на справувањето со светската енергетска криза, и за поддршката на Владата за ублажување на последиците од неа за граѓаните.

На крајот од разговорот холандскиот премиерот Марк Руте го покани претседателот на Владата Димитар Ковачевски во прва можна прилика да ја посети Холандија.

Next Post

Попоски: Градоначалникот на Лозово за 100 дена си купил наочари од 5.829 долари и телефон од 1.729 евра

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk